Без разлика на ставот кој го имате за вашиот прв оброк, вие со негова помош можете да го подобрите здравјето и позитивно да влијаете врз обемот на вашиот струк. Проблемот настанува кога луѓето одбираат „бомби“ со калории, односно намирници исполнети со многу шеќер и масти кои го имаат спротивниот ефект. Токму затоа погледнете ги следниве неколку грешки кои сите луѓе ги прават со појадокот…rnrn
rn
1. Избегнување протеини
rnКафето со млеко и колачи како мафини многу често знаат да бидат „оброк во движење“ за време на оние денови кога сме во брзање. Оваа комбинација може убаво изгледа за очите, но за жал ѝ недостасуваат протеини. Истражувањата покажале дека појадокот кој е базиран на протеини прави баланс во количината на шеќер во крвта и ги намалува ненадејните напади на глад. Обидете се да го започнувате вашиот ден со варени јајца и јаболко или јогурт со семки од чиа.rn
2. Претерано консумирање сок
rnОвошниот сок може да биде одличен извор на витамини и минерали, но тој не е алтернатива за овошјето. Еден просечен портокал има околу 60-тина калории, додека пак чашата сок од истото овошје има скоро дупло повеќе. Исто така во соковите недостасуваат хранливи влакна кои ги има во изобилство во природните сокови. Една нова студија објавена во списанието „Апетит“ покажала дека оние личности кои пијат многу сок имаат поголем крвен притисок од оние кои го прават тоа само повремено.rn
3. Јадење погрешни маснотии
rnПознато е дека на телото му се потребни маснотии со цел нормално да функционира, но тоа не значи дека треба да се претерува со нив. Особено ако станува збор за заситени масни киселини како оние кои се наоѓаат во путерот или сланината. Познатата нутриционистка Бони Тобдис од Њујорк, препорачува правилна дистрибуција на маснотиите, па токму затоа за појадокот предложува комбинација од здрави маснотии кои можат да се најдат во јогуртот со исечкани ореви.rn
4. Додавање вештачки засладувачи
rnАко нешто нема калории, тоа не значи и дека нема негативни последици врз нашето тело. Една студија која била објавена во магазинот „Природа“ покажала дека вештачките засладувачи можат да ги нарушат бактериите во желудникот, резултирајќи со зголемување на потребата за фруктоза. Нутриционистот Брук Алперт сугерира пиење кафе без никакви засладувачи, но со додаток на зачини како цимет кои ќе му помогнат на метаболизмот.rn
5. Предолго чекање за појадокот
rnАко првиот оброк во денот го јадете неколку часа по будењето, односно кога на тоа ќе ве потсети непријатното чувство во желудникот, тогаш големи се шансите дека ќе се прејадете. Иако не постои официјален распоред кога треба да се консумира првиот оброк во денот, треба да внимавате да не го изгладнувате вашето тело.rn
6. Несоодветна големина на оброците
rnВерувале или не, но големината на оброците влијае и врз количината на храната која ја внесувате во вашиот организам. Една неодамнешна студија покажала дека луѓето јадат и до 80 калории повеќе по оброк кога станува збор за житни снегулки во мал облик. Главната причина за тоа е што луѓето не јадат онолку колку што им бара организмот, туку се потпираат на надворешни фактори како големината на чинијата и слично.rn
7. Прескокнување на појадокот
rnПрескокнувањето на појадокот влијае така што вашето тело ќе бара поголем следен оброк. Големите количини храна ќе му ја отежнат работата на вашето тело, ќе ви го забават метаболизмот и ќе ве успијат. Наместо да го прескокнувате појадокот, треба да одбирате оброци кои се составени од балансиран однос на протеини и јаглехидрати со цел да имате доволно енергија за почетокот на денот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.