Што треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?

Што треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?

Вистинскиот и најдобриот водич за патување најчесто доаѓа од непрофесионалните извори како што се пријателите или познаниците кои ги посетиле местата пред вие да го направите тоа. Искуството е секогаш гаранција за подобра реприза и може многу да помогне за оние кои за прв пат патуваат на некоја дестинација, доколку претходно се информираат пред да тргнат во својата авантура. Во продолжение прочитајте ги најважните работи кои треба да ги знаете за најголемите европски градови кои важат за едни од најдобрите туристички атракции, според искуствата на редовните туристи и посетители кои сигурно ќе ви помогнат многу повеќе од кој било водич.

1. Виена

Што треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?

Вистинските Виенчани се воздржани, културни и конзервативни луѓе, па препорачливо е да не се флертува со секоја дама, ниту пак да се започнува разговор со мажите во костуми. Во Виена само туристите носат хеланки, шорцеви и патики. Тука, кафето и утринските весници се дневен ритуал, a водата не се купува, туку се пие од чешма. Доколку сакате да го користите градскиот превоз, тогаш добро би било ако платите за билет, бидејќи виенските контролори се немилосрдни.

2. Рим

Што треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?

Прво правило е дека не треба да се фрла паричка во секоја фонтана. Исто така, не треба да се чека ред за Колосеумот, бидејќи се влегува со истата карта која се купува на влезот на Форумот или во Музејот. Влезот во Ватикан е бесплатен во последната недела од месецот, а Пантеон е секогаш џабе. На улиците треба да се избегнуваат средбите со „трговците“ кои нудат по некој ситен подарок, а потоа трчаат по вас за да им дадете пари.

3. Барселона

Што треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?

Катедралата Саграда фамилија навистина вреди да се посети. Колку и да е гладен, туристот не треба да јаде на Ла Рамбла, туку во Готскиот кварт. Локалното население добро го владее англискиот јазик, така што ќе можете да очекувате помош за насоки во секое време. Во Барселона, иако шаренилото, разиграноста и разнобојноста се присутни насекаде, сепак не треба да се очекува фламенко и весела, распеана атмосфера, бидејќи Каталонија не е Шпанија.

4. Париз

Што треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?

Во Париз е невозможно да се види сѐ, а максимумот може да се постигне само со прецизно планирање и користење на метрото. Париз е скап град, па доколку сакате да заштедите тогаш треба да избегнувате да јадете на познатите авении или на Монмартр. Најдобрата и најевтината алтернатива се рестораните на железничките станици, кои се вистински уметнички дела. Да се чека ред за Ајфеловата кула е „фрлен“ ден, а доколку навистина сакате да се искачите, тогаш поминете ги 328-те скали до првото ниво, бидејќи погледот е прекрасен и оттука, а надолу можете да слезете со лифт. Мудрите туристи не влегуваат во големите продавници и шопинг центри, колку и да се привлечни, бидејќи тука се губат минимум 3 часа. Елисејските полиња најдобро е само да се поминат, бидејќи постојат само за Американците.

5. Прага

Што треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?

Без размислување треба да се доплати за хотел во центарот. Не е пожелно да се оди на шопинг на Венцеславскиот плоштад, бидејќи може да се најдат идентични работи во околните места кои се многу поевтини. Не мора да пиете кафе во Старбакс или да јадете брза храна, бидејќи чешките ресторани имаат многу достапни и разумни цени на своите деликатеси. Доколку сакате да го посетите Карловиот мост, тогаш тоа треба да го строите наутро или во квечерините. Не треба да се нервира гардата на Дворецот Храдчани, бидејќи имаат силен темперамент и брзо го губат трпението. Во Прага секогаш треба со себе да понесете јакна, во кое било годишно време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

  1. Dreamchaser Reply

    Внатрешноста на Саграда Фамилија е далеку од градилиште и ја има истата магија како и надворешноста. „Рамбли“ не постои, туку Ла Рамбла, најпознатата улица во градот. И факт е дека домашното население зборува англиски јазик многу добро.

    • Теодора Костадиноска Reply

      Благодариме на забелешките, текстот е соодветно поправен. 🙂

Остави коментар