Русокоси или бринети? 175.000 момци конечно одговорија на ова вечно прашање

Русокоси или бринети? 175.000 момци конечно одговорија на ова вечно прашање

Во едно неодамнешно истражување учествувале 175.000 мажи кои откриле точно што ги привлекува кај жените. Резултатите покажале и дали тие повеќе преферираат русокоси или бринети. Оваа студија ни доаѓа од веб-сајтот за запознавање „WhatsYourPrice“, каде што биле испитувани сите мажи кои се членови.

Русокоси или бринети? 175.000 момци конечно одговорија на ова вечно прашање

Според резултатите, за наше големо изненадување, изгледа мажите сепак повеќе ги сакаат бринетите. Поточно, според одговорите, тие најмногу се привлечени од бринети, со кафеави очи и атлетско тело. Од останатите квалитети кои не се поврзани со физичкиот изглед, тие најмногу ценат кога жените не пушат, имаат факултетска диплома и немаат деца.

Истиот веб-сајт истражил и каква боја на коса жените преферираат кај мажите. Резултатите повторно покажале дека тие најмногу се привлечени од оние со кафеава коса, додека веднаш зад нив се момците со црна коса. На последното место од оваа листа се наоѓаат русокосите. Кој би рекол?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар