КАФЕ ПАУЗА

Како вашата облека подолго да трае?

Како вашата облека подолго да трае?

Убавиот пар фармерки ви избледи, омилената кошулата ја искапавте со црвено вино, а чевлите кои ги купивте пред неколку месеци веќе изгледаат старо? За да не ги посетувате бутиците почесто од потребно и за да не ја испразните вашата кредитна картичка, научете ги овие неколку трикови, со кои можете да ѝ го продолжите векот на вашата гардероба.rnrnКако вашата облека подолго да трае?rn

Спречете го избелувањето на фармерките

rnКолку пати ви се случило да си купите одличен пар фармерки и после само неколку перења, да им избледи бојата? Наместо да се разочарувате, употребете еден трик при перењето кој ќе направи вашите фармерки да траат со години.rnrnКако вашата облека подолго да трае?rnrnПред првото перење на фармерките, потопете ги во леген со иста количина на студена вода и бел оцет, за да ја фиксирате бојата. Пред второто перење, повторно потопете ги фармерките во послаб раствор од вода и бел оцет, половина час пред да ги перете во машина, за да ја одржите свежината на бојата. Во 3 литри ладна вода, ставете 3 децилитри бел оцет или повеќе доколку забележите дека водата сè уште се обојува. Најважно од сè, е никогаш да не заборавате да го превртувате џинсот наопаку пред да го перете во машина. Овој едноставен чекор, може да значи одржување на квалитетот на бојата, во наредните неколку години.rn

Зачувајте ја облеката која има интензивна боја

rnЗачувајте ја облеката со силна боја, така што ќе ја перете во студена вода и ќе додадете 80 мл бел оцет во последното плакнење. Не грижете се дека облеката ќе ви мириса на оцет. Додека да се исуши, нема воопшто да се чувствува мирисот, а боите ќе заблескаат.rnrnКако вашата облека подолго да трае?rn

Отстранете ги тврдокорните дамки

rnРечиси секоја дамка може да биде отстранета доколку реагирате веднаш. Употребете газирана вода или микс од сапун и топла вода, веднаш кога ќе се потурите со нешто. Освен ако не станува збор за некоја ептен лоша дамка, со овие трикови би требало веднаш да ја исчистите. Неколку капки шпирт врз тврдокорна дамка од мастило или трева, ќе направат чудо. За дамки од џус од портокал или црвено вино, пробајте со микс од неколку супени лажици сода бикарбона и малку вода, за да се формира паста. Тријте ја дамката со пастата и почекајте да се исуши на ткаенината пред да ја перете.rnrnКако вашата облека подолго да трае?rnrnДоколку дамката е веќе фиксирана, сепак не фрлајте ја облеката во контејнер. Наместо тоа, купете боја за бојадисување и следејќи ги упатствата на пакувањето, бојадисајте го вашето оштетено парче облека во потемна боја. Тоа ќе изгледа како ново и би требало да ја покрие непослушната дамка.rn

Освежете ја црната облека со кафе или чај

rnЗабележувате како вашиот убав црн фустан почнува да избелува? Додадете една шолја со силно кафе или темен чај во плакнењето. Можеби звучи необично, но делува.rnrnКако вашата облека подолго да трае?rn

Продолжете им го векот на градниците

rnГрадниците е најубаво да се перат на рака во легенче со ладна вода и течен прашок за алишта, бидејќи се нежни. Доколку сепак се одлучите да ги перете во машина, купете специјална мрежа за перење градници или едноставно ставете ги во навлака за перница. Со овој начин на перење, тантелата на градниците нема да стане како корка и нема да се искине, ниту прерамките ќе се растегнат. За да не ги оштетите градниците, избегнувајте да ги сушите во сушилница во која поради брзото вртење и топлината ќе се оштети нежниот материјал.rnrn6-kako-vashata-obleka-podolgo-da-trae-www.kafepauzarn

Одржете го изгледот на вашите чевли

rnПосле секое носење на чевлите, поминете ги со влажна крпа. Можеби ова звучи премногу познато, но редовното отстранување на прашината од чевлите е основен чекор, за спречување на појава на бори и пукнатини, кои потоа не можат да се поправат. За да го одржите правилниот облик на патиките и потпетиците, отстапете им доволно простор на полицата за чевли за да не се гмечат и вметнете стуткан весник внатре. Кожните чевли се склони кон сушење, поради тоа редовно чистете ги со влажна крпа, полирајте ги со боја за чевли и често премачкувајте ги со бебешко млеко за тело, за да ја одржите влажноста. Со добра грижа, вашите чевли секогаш ќе изгледаат како нови.rnrnКако вашата облека подолго да трае?rn

Селектирајте ја облеката и според типот на материјалот

rnСигурно ги селектирате вашите прачиња облека пред перење на бели, темни и шарени. Но, имајте на ум дека повеќе ќе ѝ го зголемите векот на вашата гардероба, доколку ја селектирате и според материјали. Парчињата облека кои сте ги ставиле во машината за перење многупати меѓусебно се преплетуваат и тркалаат заедно, па најверојатно не сакате вашата нежна и тенка кошула за на работа да се искине од патентот на дебелиот џемпер или да поприми влакна од некој материјал којшто испушта. Селектирајте ја гардеробата на нежна облека за на работа и излегување, памучни маици, панталони и чаршави и дебела облека како дуксери и фармерки. Не заборавајте да ги закопчате копчињата и патентите пред да ја ставите облета во машина, за да спречите тие да искинат некое друго парче, при вртењето.rnrnКако вашата облека подолго да трае?rn

Чувајте ја паметно облеката во плакарите

rnДоколку парчињата облека во вашиот гардеробер, честопати имаат тенденција да го губат својот облик, тоа значи дека не се чувани добро. За да го решите овој проблем, треба да знаете кои парчиња треба да се здиплат, а кои да се чуваат на закачалка. Џемперите, дуксерите и маиците повеќе го задржуваат природниот облик доколку се чуваат здиплени, бидејќи закачалките можат да го растегнат материјалот околу рамената. Закачете ги на закачалка фустаните, кошулите, пантолоните и свилените блузи, за да го спречите збрчкувањето и губењето на обликот.rnrnКако вашата облека подолго да трае?rnrnТешките одела и јакни чувајте ги на поцврсти закачалки, бидејќи тежината ќе ги искриви нежните закачалки, што може да доведе до губење на обликот околу рамената на оваа ваша скапа облека. Облеката за другите сезони, спакувајте ја во платнени торби со патент и во пластични кеси кои се вакуумираат, за да спречите навлегување прашина во внатрешноста на материјалот, појава на мувла и дупки од молци.rn

Други важни совети околу перењето и сушењето

rnМожете многу да им го продолжите животот на вашите парчиња облека, перејќи ги во ладна вода. Со тоа не само што ќе заштедите енергија, туку и ќе ја зачувате бојата, формата и големината на облеката.rnrnПреполнувањето на машината за перење може исто така да ја оштети облеката, така што поделете го големиот куп на два дела, на две машински перења. Секогаш кога можете, сушете ја облеката на природен начин, а не во сушилница, за да избегнете избелување на бојата, нагризување на материјалот и набирање и смалување на облеката.rnrnКако вашата облека подолго да трае?rnrnПоследно, но не и неважно, е дека секогаш треба да внимавате на количеството детергент и омекнувач кое го употребувате. Не ставајте повеќе од препорачаната доза, бидејќи тоа не само што нема подобро да ги исчисти вашите алишта, туку ќе направи да изгледаат млитаво и круто.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.