КАФЕ ПАУЗА

7 докази за реинкарнација на славните личности

Наполеон верувал дека е Карло Велики, а генералот Патон можел јасно да се сети на Цезаровиот шатор во текот на опсадата на Галите. Сталоне вели дека бил мајмун во Гватемала, додека Фил Колинс верува дека е реинкарнација на гласник од битката за Аламо.rnrn(4)-7-dokazi-za-reinkarnacija-na-slavnite-lichnosti-kafepauza.mkrnrnИако за христијаните реинкарнацијата е неприфатлива како концепт, луѓето можат да веруваат дека таа е реална и дека навистина се случува. Не само обичните луѓе, туку и славните личности веруваат дека знаат што биле во претходните животи.rn

Наполеон бил Карло Велики

rnНиту помал Корзиканец, ниту поголем државник. Францускиот император многу време поминувал во симболично оживување на римските цареви, а верувал дека судбината одредила тој да владее со Светото римско царство. Опседнат бил со Карло Велики и пред своето крунисување долго медитирал на гробот на славниот владетел, а во текот на крунисувањето носел копија од неговата круна и неговиот меч.rnrn(2)-7-dokazi-za-reinkarnacija-na-slavnite-lichnosti-kafepauza.mkrnrnВо една прилика порачал „Погледнете ме добро. Во мене го гледате Карло Велики. Ја сум Карло Велики! Да, јас сум Карло Велики!“ Меѓутоа не е познато дали бил убеден дека е реинкарнација на Карло Велики или само сакал на тој начин да ги легитимизира своите империјални амбиции.rn

Џорџ Патон бил војник во сите свои животи

rnСлавниот американски генерал Патон верувал дека се родил повеќе пати и дека секогаш бил војник. Кога во текот на Првата светска војна пристигнал во Лангр, ја одбил понудата од еден Французин за обиколка на градот со објаснување дека одлично го познава местото.rnrnИ навистина, знаел каде се наоѓа римскиот амфитеатар, форумот и храмовите посветени на боговите Марс и Аполон, иако некои градби тогаш сè уште не биле откриени. Го покажал местото каде што се наоѓал шаторот на Цезар во текот на војната со Галите и на својот запрепастен сопатник му објаснил дека служел во петтата Цезарова легија.rnrnНеговата песна „Низ темно огледало“ опишува како се борел рамо до рамо со Александар Велики на битката кај Тир, како се борел против Хуните, дека бил крстоносец, морнар на воен брод, генерал во Наполеоновата армија и војник на Конфедерацијата во битките кај Винчестер и Гетинсбург.rn

Салвадор Дали бил Свети Јован

rnРодителите на славниот сликар во детството го одвеле на гробот на неговиот мртов брат и му рекле дека тој е негова реинкарнација. Дали бил убеден дека тоа е навистина точно, но не само дека е инкарнација на својот брат. Имено, се сеќавал на претходниот живот кој одел уште подлабоко во минатото, во 16 век во кој живеел римокатоличкиот светец Јован од Крст.rnrn(0)-7-dokazi-za-reinkarnacija-na-slavnite-lichnosti-kafepauza.mkrnrnОвој кармелит неговите собраќа калуѓери го пикнале во ќелија и го тепале три пати неделно бидејќи ги повикал да се вратат на секојдневната молитва. Дали тврдел дека се сеќава на сите поединости, ќотекот и тоа како го сретнал Бог во ќелијата, па дури и на лицата на монасите што го тепале.rn

Сталоне бил жртва од Француската револуција

rnРамбо е убеден дека имал барем четири претходни животи и дека во некои од нив доживеал насилна смрт. Во едно интервју отворено рекол:rn

„Прилично сум сигурен дека ја изгубив главата во Француската револуција. Во една прилика некој зборуваше за гилотина и дека тоа сигурно многу боли, но јас им објаснив дека воопшто не боли. Не чувствуваш ништо, само главата ти паѓа во кошница.“

rn(3)-7-dokazi-za-reinkarnacija-na-slavnite-lichnosti-kafepauza.mkrnrnРоки исто така е убеден дека бил и боксер кој во текот на триесеттите години од минатиот век починал после нокаут од противникот и дека бил нешто мало, веројатно мајмун во Гватемала.rn

Тина Тарнер била фараонката Хатшепсут

rnСлавната дива е убедена дека е реинкарнација на египетската кралица Хатшепуст, а нејзиниот поранешен сопруг Ајк е реинкарнација на фараонот Тутмос III, инаку нејзин посинок. И навистина, обата мажи биле насилни кон жените, па така Тутмос ги кршел устата и носот од статуите на Хатшепсут за да ја замолчи, а Ајк тоа ѝ го правел лично на Тина.rnrn(5)-7-dokazi-za-reinkarnacija-na-slavnite-lichnosti-kafepauza.mkrnrnТина Тарнер често престојува во Египет и вели дека доживува просветлување секогаш кога ќе ги види статуите на некогашните кралеви, убедена дека и таа е меѓу нив.rn

Фил Колинс го бранел Аламо

rnКако мало дете во Англија, Колинс сакал да ја игра битката за Аламо и кога ќе завршел, редовно ги палел пластичните војници. Многу подоцна дознал дека мексиканскиот генерал Санта Ана наредил да се запалат телата на тексашките бранители. Сега е убеден дека бил гласник во текот на славната битка по име Џон Смит, а тоа му го потврдила и една позната јасновитка.rnrn(1)-7-dokazi-za-reinkarnacija-na-slavnite-lichnosti-kafepauza.mkrn

Стивен Сегал бил будистички лама

rnПосле толку убиства што ги има извршено во неговите филмови, природно е да нѐ шокира информацијата дека будистичката заедница верува дека тој е реинкарнација на големиот учител и почитуван лама од 17 век кој се викал Тертон Чундраг Дрога.