Денес во 13:00 гледајте #филмвоживо

Сподели

Што е ова #филмвоживо?

rnПрв оригинален обид за снимање кратки филмови во живо со најхрабрите твитерџии, во рамки на филмскиот фестивал „Синедејс“.

Реклама

Твитерџиите ќе бидат „режисери“, а сите вие може да бидете „сценаристи“ на кратките филмови и да им помогнете околу случувањата во собите. На крај, заедно го гласаме најдобриот филм.rn

rn

Каде и кога се снима?

rnСе снима три дена во три различни соби во хотел Синедејс во периодот од 13 до 14 часот. Денес снимаме во собата на писателот, во среда (18 ноември) снимаме во собата на љубовниците, а во четврток (19 ноември) – во собата на киднаперите.rn

Стримингот во живо денес во 13:00 ќе може да го следите на нашиот веб-сајт преку банерот десно или на http://hotelcinedays.mk.

rn

rn

Кои се „режисерите“?

rn@JBurgundi и @mnogufina се „режисери“ во собата на писателот. @mila_la и ‏@Gas_maska се „режисери“ во собата на љубовниците. ‏@jocoska и ‏@strezovski се „режисери“ во собата на киднаперите, 
а ‏бонус е @Gas_maska како еден од глумците во таа соба.rn

Како да бидете „сценаристи“?

rnСледете го стримот во живо, давајте предлози на хаштагот #филмвоживо како да се одвива дејството во собата и ако вашиот предлог е ретвитнат од „режисерите“, тогаш тоа е следната акција што ќе ја направи ликот во собата. Со тоа вие станувате сценарист и добивате карти за филм по ваша желба од репертоарот на „Синедејс“ и маичка.rn

rn

Писателот

rnДенес снимаме во хотелската соба на писателот. Го гледаме седнат на масата пред својата машина за пишување. Дали ќе напише нешто или ќе му стигне СМС? Можеби ќе добие некаков пакет пред вратата? Што ќе се случи? Помогнете им на @JBurgundi и @mnogufina со сценариото и освојте награди.rn

Популарно

Може ќе ве интересира