Топ 10 најлуди начини за да согорите калории
Денес, поголемиот дел од луѓето се опседнати со бројот на калории. Склони сме да „полудиме“ од пресметките за тоа колку калории консумираме, колку трошиме и колку да согориме. Се прашуваме како да согориме калории брзо и лесно…
Секоја активност која бара извесна количина на енергија ќе согори калории. Со интензивниот тренинг се согоруваат вишокот калории кои сме ги консумирале и на тој начин телото се бори со масните наслаги. Но, за жал, поголемиот дел од луѓето немаат многу слободно време за да се посветат на вежбањето.
Па, како да согорите калории? Еве неколку најлуди начини да согорите калории. Погледнете, пробајте, но имајте на ум дека ниту една од овие активности не може да биде добра како интензивното вежбање.
Факт 1:
Кажете добар виц и смеете се заедно со вашите пријатели од 5 до 10 минути. Ќе согорите околу 40 калории.
Факт 2:
Бидете романтични. Забавата во спалната соба од 30 минути може да ви согори повеќе од 200 калории.
Факт 3:
Страсниот бакнеж за момент може да согори скоро 5 калории. Секако, сè зависи од тоа колку страстен бил тој бакнеж.
Факт 4:
Ако имате навика постојано да џвакате гума за џвакање, имајте на ум дека тие согоруваат 11 калории на час.
Факт 5:
Ако сте поминале еден час допишувајќи се со својот партнер, тогаш сте согореле 40 калории.
Факт 6:
Однесете го вашето милениче на прошетка и лесно ќе согорите 200 калории за еден час.
Факт 7:
Гушкањето исто така согорува калории, 60 минути – 60 калории.
Факт 8:
Луѓето кои се постојано во движење, имаат тенденција да согоруваат за 25% повеќе калории од оние коишто цело време седат.
Факт 9:
Танцувањето од 15 минути може да согори повеќе од 75 калории.
Факт 10:
Кога одите во маркет, запомнете го ова: туркањето на количката во рок од 30 минути може да согори скоро 100 калории.