Пилотот Бери Сил станува шпион за ЦИА и се заплетува во дел од најголемите криминални организации
rn
Режија: Даг ЛиманrnrnУлоги: Том Круз, Домхал Глисон, Сара РајтrnrnВреметраење: 115 минутиrnrnПремиера: 24 август 2017rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: акција, биографија, комедијаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=AEBIJRAkujMrnrnСтанува збор за приказна базирана на вистински случувања од 1980-тите години, односно за пилотот Бери Сил (Том Круз) кој ја имал најгламурозната работа на планетата. Но со оглед на фактот дека нештата никогаш не излегуваат онака како што сме ги планирале и најчесто други личности (и организации) ни се мешаат во животот, уште во првите неколку минути ќе ви стане јасно дека и неговиот живот набрзо целосно ќе се промени. ЦИА ќе реши да му предложи нешто повозбудливо, па тој ќе добие убав нов авион и свој сопствен аеродром со цел да прави шпионски фотографии во Централна Америка. Пред да сфати што се случува, тој ќе се „заплетка“ со Пабло Ескобар, ќе навлезе во светот на картелите со дрога, и ќе почне да носи вооружување во Никарагва и потенцијални бунтовници за тренинг назад во Америка.rnrn
rnrnФилмот е динамичен, исполнет со многу акција, но исто така и изобилува со голем број комични елементи. Со други зборови, времето брзо ќе ви помине и во текот на филмот постојано ќе се забавувате. Но иако приказната е инспирирана од вистински настани, сепак тешко е да поверуваме дека овие нешта навистина се случувале со оглед на тоа што се малку претерани и преувеличени за да се добие филмски ефект, па тоа може малку да ви го намали уживањето. Од друга страна пак, акцијата е постојано на високо ниво, без да ви дава простор за одмор, па некаде во втората половина од филмот можеби ќе почувствувате и мала монотоност. Сепак енергијата на Том Круз е едноставно неверојатна и толку заразна што нема да можете да не ја засакате неговата интерпретација на Бери Сил, а со тоа и да си најдете нов омилен лик игран од страна на овој одличен актер.rnrn