Ситуацијата кога двајцата партнери ќе одлучат дека е подобро да се разделат и секој да продолжи со сопствениот живот е многу ретка. Најчесто, едната личност продолжува по својот пат, а другата… другата продолжува по истиот тој пат. Иако можеби не сакате да си признаете себеси или на своите пријателки, следниве знаци откриваат дека патите од синдромот „бивш“.rnrn
rn
1. Го проверувате неговиот Фејсбук профил
rnКако ги отворате очите, така го отворате и неговиот профил и проверувате кој му го лајкнал новиот статус, а кој новата фотографија. Во оној момент кога вашата врска се прекинала, треба да престане и вашата опсесија, бидејќи на овој начин нема ништо да постигнете, освен што само ќе се изнервирате.rn
2. Им се јавувате на неговите пријатели
rnВие се дружевте супер, па зошто и понатаму не би оделе во кино и би зборувале за поминатото време? Неговите другари можеби биле и ваши додека сте биле заедно, но не може да очекувате дека неговиот најдобар пријател ќе застане на ваша страна.rn
3. Размислувате „за вас“
rnСè уште мислите за себе и него во множина, бидејќи сè уште планирате работи кои очигледно нема да ги направите, но некако тоа ви е природно… тој сигурно тоа не го прави, а не би требало ни вие.rnrn
rn
4. Се обидувате да го сретнете
rnСо оглед на тоа дека знаете каде тој излегува и наместо да ги избегнувате тие места додека не го преболите, вие баш намерно одите таму. Со тоа сигурно нема да го вратите, туку само ќе го подигнете неговото его.rn
5. Ја слушате „неговата“ музика
rnСè што тој сакал, во сè што уживал, сè што не ви се допаѓало, сега чувствувате дека само тоа ви е блиску? Ако тоа е единствениот начин да сте во близина, тогаш можеби не ви е судено да бидете блиски.