ТВ серија базирана според вистинската приказна за Пабло Ескобар
rn
Главни улоги: Вагнер Мура, Бојд Холбрук, Педро ПаскалrnrnЖанр: биографија, криминал, драмаrnrnКреатори: Карло Бернард, Крис Бранкато, Даг Миро, Пол ЕкстејнrnrnПремиера: 28 август 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 50 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnДрога, жени, богатство и масовно убиство – тоа е животот на колумбискиот лорд на дрога, Пабло Ескобар. Во комбинација со фактот дека станува збор за вистинска приказна, оваа ТВ серија веднаш има огромен и драматичен потенцијал. Станува збор за драма која го бара вашето целосно внимание, бидејќи ако се исклучите на само една секунда, вие ќе го пропуштите поголемиот дел од ширењето на империјата на Ескобар. Од друга страна пак, ако ги одржувате вашите очи насочени кон телевизорот, ќе добиете незаборавно искуство кое уште долго ќе го помните.rnrn
rnrnВо срцето на оваа приказна се наоѓа неверојатна изведба на бразилскиот актер Вагнер Мура. Тој не само што морничаво наликува на вистинскиот Пабло Ескобар, туку и брутално ја доловува неговата суштина, целосно оживувајќи го неговиот дух на малите екрани. Оваа ТВ серија го добила своето име според локалниот термин за дилерите на дрога, наркоси, и вклучува вистински снимки од архивите, давајќи ни чувство како да станува збор за едукативен документарец. Но, имајте на ум дека некои настани, како и ликови се изменети со цел да се добие подраматична приказна. Сè на сè, ако сте расположени за лудо возење, сите епизоди од првата сезона на Нетфликс се достапни.rnrn

