Дали постои разлика помеѓу емпатија и сочувство?

Дали постои разлика помеѓу емпатија и сочувство?

Автор: Петар Лазаров

Најголемата заблуда е тоа што луѓето ја поистоветуваат емпатијата со сочувството. Сочувството е карактеристика на човекот, особено на добрите луѓе додека, пак, емпатијата е вештина (една од најелементарните). Сочувство е кога сочувствуваме со туѓите емоции (кои и не мора да сме ги препознале самите). Кога некој е тажен и ние преземаме дел од таа тага и ја носиме таа тежина со себе. Она што најмногу може да направите, во тие ситуации, е да помогнете максимално доколку сте во можност. Тежината не мора да ја носите со себе.

0-dali-postoi-razlika-pomegju-empatija-i-sochuvstvo-kafepauza.mk

Од друга страна, пак, емпатијата е вештина која ја поседуваме (со цел за полесна комуникација) и која може да ги препознае чувствата кај другите и ни помага да „влеземе во туѓата кожа“, а притоа да не ја преземеме тежината на емотивната состојба. Емпатијата се поврзува со умешноста во читање на сигналите што ги праќаат телата (говор на тело). Користа од оваа вештина е кога ќе ја согледаме емотивната состојба на соговорникот, да преземеме акција која нема дополнително да ја влоши ситуацијата.

Ако некој колега не забележи дека неговиот колега е тажен и не може да претпостави дека може нешто неубаво му се случило, па непрекинато го задева и суптилно му „фрла“ закачки, нормално е дека овој може да пукне и да каже некои неубави зборови. И, ете ти конфликт!

„Најважната работа што ја поседуваме како луѓе, е моќта на емпатијата.“ – Мерил Стрип

2-dali-postoi-razlika-pomegju-empatija-i-sochuvstvo-kafepauza.mk

Последните истражувања велат дека со развојот на емпатијата се подобруваат лидерските способности, учиме како да ги поставуваме вистинските прашања, го јакнеме тимскиот дух и ја подобруваме комуникацијата во тимот, а тоа влијае на разбирањето со клиентите и во многу други аспекти од работењето. Дури и се смета дека со јакнење на емпатијата влијаеме на намалување на стресот.

„Спротивно на лутината не е смиреноста, туку емпатијата.“ – Д-р ОЗ

Препознавањето на емоциите кај другите е прво ниво на емпатија. Повисоко ниво е кога размислуваме како нашите зборови ќе се рефлектираат на другите, и пред да кажеме нешто размислуваме за ефектите. Но, да се држиме ние до првото ниво, и тоа ќе биде невиден успех.

3-dali-postoi-razlika-pomegju-empatija-i-sochuvstvo-kafepauza.mk

Неколку фактори (техники) коишто влијаат врз развојот на оваа наша вештина:

(EQ) Емоционална писменост: Емпатијата е вештина која се обработува во областа на ЕП. Доколку сакате да ја развивате емпатијата кај себеси, ќе мора повеќе да се информирате за ЕП како концепт. Тука егото и емпатијата се поставуваат како спротивни емоции. И, ако го разгледаме овој аспект на ЕП, нормално е зошто во светот фали емпатија кај луѓето. Сите сме „напукани“ со огромни дози на ЕГО (ЈАС), и не оставаме место за развој и за јакнење на ЕМПАТИЈАТА (ТИ). Една техника што може да ја користите е, наместо да почнувате со ЈАС, во комуникацијата со другите да почнувате со ТИ. Ќе видите сами колку е тешко.

Говор на тело: Исто така, од огромно значење за развојот на емпатијата. Јакнењето на нашата способност за забележување на деталите на телото и нивното толкување е од огромно значење за препознавање на туѓите емоции. Но, читањето една книга или гледањето филм нема да ве направи експерти во препознавање на сигналите. Тоа бара многу работа и концентрација. За почетно ниво може само да почнете да ги гледате луѓето што прават со телото, лицето, рацете, нозете, очите. Прво вежбајте концентрација и стекнете навика за следење на деталите. Напоредно може да се едуцирате повеќе за значењето на тие сигнали. Пробајте го ова 1 месец.

Активно слушање: Вежбајте „активно слушање“. Тоа не значи само да слушаме што другите зборуваат. Тоа значи процес од 3 чекори – 1) Слушни, 2) Процени (размисли) и 3) Повратна врска (одговор). Најдобрата техника за вежбање на активно слушање е „затвори ја устата!“

Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар