Од свеќник до полица: 7 неверојатни идеи за искористување на лимените конзерви
Знаете ли дека од конзерва можете да направите часовник или полица за накит? Наместо да ја фрлите во канта, одлучете да направите нешто убаво од неа – не само што ќе ѝ олесните на нашата планета туку и ќе го декорирате домот. Вин-вин ситуација.
Лимените конзерви се дел од сечие секојдневие, но после нивната употреба ги доживуваме како отпад. Ако имате квалитетен отворач и знаете да ги избрусите нивните остри рабови, од конзервите можете да направите што сакате. Измијте ја конзервата, добро исушете ја и внимателно избрусете ги нејзините остри рабови за на крај да се посветите на креативното создавање.
1. Свеќник
Налијте восок, додадете фитиљ и создадете ваш сопствен свеќник.
2. Полица за накит
Прекрасна идеја и нов начин за чување накит.
3. Елегантни садови за сол и зачини
Дајте ѝ грациозен и елегантен изглед на вашата трпезарија со вакви убави садови.
4. Прстени за прибор за јадење
Многу внимателно свиткајте го алуминиумот од конзервата и направете прстени за приборот за јадење.
5. Перниче за игли
Од обична конзерва и малку материјал и сунѓер ќе добиете супер перниче за игли.
6. Минијатурни полици
Залепете разни лименки на ѕидот и користете ги како полици.
7. Абажур за столна ламба
Уште една одлична идеја е од старата ламба да си направите абажур.