9 прашања и изјави кои на сите близнаци им е смачено да ги слушаат
Близнаците се интересна појава која на многумина им е забавна за гледање. Бидејќи со самото свое постоење, тие се малку понеобични од останатите, луѓето веднаш сакаат да знаат нешто повеќе, поставувајќи глупави прашања и давајќи непријатни изјави со цел да откријат какво е чувството да се живее со близнак. Па, погледнете ги 9-те најчести прашања и изјави кои сите близнаци ги вадат од такт…
1. Дали сте идентични близнаци?
Најпрво, не е можно брат и сестра да бидат идентични близнаци. Ако се идентични, ќе имаат ист пол. Од друга страна, идентичните близнаци скоро и да не можат да се разликуваат, па токму затоа и големи се шансите дека веќе го знаете одговорот на ова прашање уште пред да го поставите.
2. Близнаци сте? Какво е чувството?
Како би можел некој тоа да го објасни со зборови? Овие личности цел живот живееле покрај близнак, брат или сестра, па токму затоа и не знаат како е да се биде без нив со цел да можат убаво да ви објаснат како е во споредба со вашето искуство. Ова прашање е исто како и тие да ве прашаат какво е чувството да се има руса коса или кафеави очи.
3. Ако те штипнам, дали твојот близнак ќе го почувствува тоа?
Па, не. Тие се две различни човечки суштества со две одвоени тела. Исто како што вашиот брат или сестра нема да почувствува доколку ве штипнат вас. Дури и да го кажувате ова на шала, тие сигурно досега многу пати го чуле и веќе не им е смешно, ниту пак забавно.
4. Можете ли да си ги читате мислите?
За жал, тие немаат способност да си ги читаат мислите. Тие не се сијамски близнаци и се доволно среќни да имаат сопствено тело и ум, исто како и другите деца или возрасни. Од друга страна, тие не се хибриди, мутанти ниту вонземјани за да поседуваат способност која ја немаат останатите луѓе.
5. Дали сè правите заедно?
Не, тие не прават сè заедно. Со оглед на тоа што се две различни индивидуи со различни интереси и пријатели, тие се движат на сосема различни страни во животот. И покрај тоа што како мали, близнаците често поминуваат многу време заедно, како што растат, исто како и останатите деца, развиваат свои хобија и вештини кои ги водат кон различни активности.
6. Дали се карате?
Дали вие се карате со вашите брат или сестра? Да? И близнаците се браќа или сестри, па токму затоа е сосема нормално доколку одвреме-навреме и тие имаат несогласувања. Всушност, без разлика дали живеете со членови од семејството, пријатели или партнер, вие без сомнение ќе имате караници со оглед на тоа што живеете под еден ист покрив.
7. Кој/а од вас е постар/а?
Дали воопшто се смета некој за постар или помлад доколку се родени на ист ден? Близнаците најчесто се родени за само неколку минути разлика, што е незначително на подолг рок. Па, тогаш зошто би ви било вам важно?
8. Посакувам и јас да имав близнак
Бидејќи тие отсекогаш имале брат или сестра близнак, не знаат какво е чувството да се биде без нив. Токму затоа и многу им е непријатно кога другите го посакуваат она кое тие го имаат без да знаат како навистина тоа изгледа и најчесто не знаат што да одговорат на оваа изјава.
9. Сигурно никогаш не се чувствувате осамено
Чувството на осаменост може да се појави дури и кога сте опкружени со голем број луѓе. Тоа не е детерминирано од надворешноста, туку произлегува од јадрото на човекот. Токму затоа и близнаците понекогаш се чувствуваат осамено, дури и ако во нивна близина се наоѓа нивниот брат или сестра. А ако се одвоени и живеат подалеку еден од нив, тие скоро секогаш чувствуваат празнина за својата втора половина.