КАФЕ ПАУЗА

Неколку трикови кои ќе ви помогнат подобро да го фотографирате вашето куче

Written by

in

,

Секој кој чува куче сака да ги овековечи моментите со него. Но, сигурно и вие ќе се согласите дека многу е тешко да се фотографира, затоа што тоа постојано е во движење. За да направите добри фотографии, денес ви прикажуваме неколку совети кои ќе ви бидат од голема корист.rn

Покажете му нешто за јадење со што ќе му го привлечете вниманието

rnНеколку трикови кои ќе ви помогнат подобро да го фотографирате вашето кучеrnrnНе го сфаќајте ова на погрешен начин, но кучето нема да ви го даде вниманието што го барате, доколку малку не го поттикнете. Кога имате нешто за јадење во вашата рака, тоа ќе ги впери очите во вас. Покажете му што држите и кажете му да седне. Потоа, насочете ја раката во насока каде што сакате да гледа кучето, дигнете ја над камерата и веднаш фотографирајте.rn

Употребувајте природна светлина

rnНеколку трикови кои ќе ви помогнат подобро да го фотографирате вашето кучеrnrnЗа најдобри и најквалитетни фотографии, користете ги предностите на природната светлина. Најдобро е да ги користите „златните часови“ за време на самракот и зајдисонцето. Тогаш сонцето дава нежна светлина и помалку контраст, во споредба со непријатната пладневна светлина.rn

Побарајте помош од некого

rnНеколку трикови кои ќе ви помогнат подобро да го фотографирате вашето кучеrnrnФотографирањето на вашето куче додека си игра е најлесниот начин да ја фатите неговата енергична и разиграна личност. Но, за ова можеби ќе ви треба малку помош. Така, најдобро е со вас да повикате некој пријател кој ќе му ја дофрла топката или играчките, додека вие фотографирате. На овој начин можете да направите повеќе фотографии и потоа да ја изберете најубавата и најинтересната.rn

Фотографирајте го вашето куче додека спие

rnНеколку трикови кои ќе ви помогнат подобро да го фотографирате вашето кучеrnrnДодека е потонат во длабок сон, вие можете да направите одлични фотографии од вашиот крзнен пријател. Погледнете само колку слатко лице има.rn

Легнете до него

rnНеколку трикови кои ќе ви помогнат подобро да го фотографирате вашето кучеrnrnИако постојат некои моменти кога сакате да го фотографирате вашето куче од горна перспектива, сепак, најдобар начин да ги фатите неговите карактеристики е на негово ниво.rn

Променете ја перспективата

rnНеколку трикови кои ќе ви помогнат подобро да го фотографирате вашето кучеrnrnНаместо постојано да го фотографирате вашето куче додека е во неговиот кревет, променете ја вашата перспектива така што ќе го фотографирате од различни агли. Секогаш е поинтересно да имате фотографии од различни пози.rn

Не заборавајте да ги уредите фотографиите

rnНеколку трикови кои ќе ви помогнат подобро да го фотографирате вашето кучеrnrnАлатката за уредување на фотографиите може да биде ваш најдобар пријател. Симнете си некоја апликација или пак едноставно за ова користете го Инстаграм. Испробувајте различни филтри, сенки или контрасти. Сепак, внимавајте кучето да биде во фокусот.