КАФЕ ПАУЗА

Како да се лакирате за вашиот маникир подолго да трае?

Како да се лакирате за вашиот маникир подолго да трае?

Обожавате да ги гледате вашите нокти налакирани, но мразите што за два-три дена лакот почнува да се лупи и морате повторно да се фаќате за работа? Решението за овој проблем е во правилното нанесување на лакот во неколку чекори. Прочитајте го четирите совети од британските познати стилисти за нокти, Енџ и Вернајс Вокер. Тие велат дека лакот за нокти може да изгледа добро дури до 10 дена по нанесувањето, доколку се следат овие неколку едноставни совети.rnrnКако да се лакирате за вашиот маникир подолго да трае?rn

1. Започнете со специјален безбоен лак за основата

rnПрвиот чекор кој треба да го направите пред да ги налакирате вашите нокти е да ги исполирате за да станат мазни и сјајни и убаво да ги истурпијате на врвовите. Потоа, ако имате остатоци од претходниот лак, со ацетон педантно избришете ги. Откако ноктите ќе ви бидат спремни за лакирање, нанесете еден слој специјален безбоен лак кој се користи како основа за лакирање, за подобро да се слепи лакот во боја кој ќе го нанесете потоа.rn

2. Нанесете лак и на врвовите од ноктите

rnЛакот нанесен на ноктите најпрво почнува да се лупи на врвовите. За да го спречите предвременото напукнување, нанесете лак и на врвот од ноктите, движејќи се со четкичката од едниот до другиот крај на ноктот. На овој начин, формирате заштитна обвивка и спречувате лакот да почне брзо да се лупи.rn

3. После два слоја лак во боја, нанесете безбоен лак

rnОткако ќе нанесете два слоја од лакот кој сте го избрале за вашиот денешен изглед, секогаш нанесувајте и еден слој безбоен лак, за да го „зацементирате“ маникирот на вашите нокти. После неколку дена, повторно нанесете безбоен лак, за да го вратите сјајот на бојата, а со тоа ќе го продолжите и животниот век на вашиот маникир за уште неколку дена.rn

4. Грижете се за вашите раце

rnСекогаш кога миете садови, перете алишта или рацете ви се во вода, употребувајте гумени ракавици. Исто така, избегнувајте да ги употребувате вашите раце како алати за работа, бидејќи тоа ќе доведе до неизбежно лупење на лакот.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.