Претходно
Портокалово кафе
Кафе со деликатен вкус на портокал кое освојува…
За 4 лица потребни се:
- 1/2 л сварено филтер кафе
- 8 коцки шеќер
- 1 портокал
- 125 мл слатка павлака
Подготовка: Исечете го портокалот на два дела. Капнете по неколку капки сок од портокал на коцките шеќер. По две коцки ставете во секоја чаша. Наполнете ја чашата со кафе, а од горе ставете малку изматена слатка павлака. Декорирајте со кора од портокал.