Заморот е неизбежен дел од секоја испитна сесија, со кој се соочува секој студент. За полесно да се справите со стресот во најкритичните моменти, издвојуваме неколку совети, кои се надеваме дека ќе ви помогнат.
rn
Балансиран живот
rnЕдна од причините за прекумерниот замор и стрес за време на испитната сесија е недостатокот од баланс. Факултетот не може и не смее да биде целиот ваш живот. Мора да најдете време за забава, опуштање и секако, вежбање, што ќе го намали стресот.rn
Избегнување на непотребен стрес
rnФакултетот сам по себе значи стрес. Но, не мора секогаш по секоја цена да постигнувате совршени резултати и да се изложувате себеси на дополнителен напор. Давајте го најдоброто од себе, но не се разочарувајте доколку не сте први на листата. Трудете се и бидете задоволни од себеси и од постигнатото.rn
Бавно, но сигурно до целта
rnПонекогаш самите се преплавувате со многу обврски. Доколку истовремено работите и одите на факултет, намалете ги работните часови или одберете помалку предмети за полагање во сесија, колку и тоа да ви се чини катастрофално. Можеби ќе ви треба подолго време да дипломирате, но зачувувањето на сопствената физичка и умствена сила е многу поважно од тоа.rn
Правење пауза
rnПравете паузи за време на учењето. Доколку вообичаено учите четири часа навечер, направете пауза од половина час и за тоа време прочитајте некое списание, гледајте телевизија или нешто што вам ви е забавно. Направете си нешто за јадење и пиење и внесете малку задоволство и свежина во целиот процес на подготвување на испити.rn
Нови методи на учење
rnПонекогаш заморот се јавува бидејќи постојано учите на ист начин, без да пробате некој нов метод. Ако сме во право, тогаш време е за промена. Можеби, наместо постојано да ги препрочитувате лекциите, можете да ги снимите и потоа да ги слушате. Или пак, на лист хартија да ги запишувате најважните работи и потоа да го повторувате само тоа, без да губите време во читање на целиот обемен материјал.rn
Добар сон
rnКога сте на факултет, добриот сон е императив. Да, ова е тешко да се реализира, особено дента пред најтешкиот испит, но без соодветен одмор нема да можете да го дадете најдоброто од себе. Затоа, трудете се да спиете барем 7 до 8 часа. Ќе се чувствувате подобро и посвежо.rn
Силна желба и цел
rnПонекогаш доволно е да се потсетите на крајната цел и да ви се врати мотивацијата. Потсетувајте се зошто минувате низ овој процес, особено во кризните моменти. Исто така, имајте на ум, дека ништо не е вечно и дека еден ден и на факултетот ќе му дојде крај. Ќе се стекнете со диплома и веќе успешно ќе имате поминато една етапа во животот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

