Оваа поема била анонимно објавена во бар во Лондон. На прв поглед изгледа како нешто што би го напишал тинејџер, но кога ќе навлезете подлабоко во нејзината суштина, наеднаш станува многу позначајна и поинспиративна. На крајот се испостави дека сепак оваа поема била напишана од страна на средношколец – Чени Горкин од Бруклун, Њујорк. Иако не е познато како таа завршила во бар во Лондон, сепак е добро што тоа се случило затоа што им го разубавила денот на многу луѓе, а ние топло се надеваме дека ќе внесе светлина и во вашиот.rnrn
rn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnДенес беше најлошиот ден досегаrnИ не се обидувајте да ме убедите декаrnИма нешто добро во секој денrnЗатоа што, кога подобро ќе погледнетеrnСветот е многу злобно место.rnИ покрај тоа штоrnОдвреме-навреме продира малку добринаrnЗадоволството и среќата кратко траат.rnНе е вистина декаrnСѐ е во главата и во срцетоrnЗатоа штоrnВистинската среќа може да постоиrnСамо ако околината е добра кон поединецотrnНе е вистина дека доброто постоиrnСигурен сум дека ќе се сложите декаrnРеалностаrnЕ творец наrnМоето однесувањеrnТоа е надвор од мојата контролаrnИ вие никогаш во милион години нема да ме слушнете да речам декаrnДенес беше добар ден.rnrnСега читајте од долу нагоре.rnrn[/message_box]rnrnЕве како звучи оригиналот на англиски.rnrn
Анонимна поема објавена во бар во Лондон по која полуде цел интернет
