Како да избегате од состанок без да ѝ ги повредите чувствата на девојката?
Сигурно сте биле во ситуација да сте на состанок со девојка која можеби е супер, но вие едноставно не сте толку заинтересирани за неа. Не сте сигурни зошто е тоа така – можеби не ве привлекува, можеби разговорот не ви оди добро, можеби сè уште ја немате преболено поранешната девојка – без разлика на причините, вие сакате да си заминете од состанокот.
Ако отидете во тоалет или некако успеете да се искрадете, тоа ќе изгледа доста ниско. Па, како да го завршите состанокот, а притоа да не ѝ ги повредите чувствата на девојката?
Томас Едвардс, основач на The Professional Wingman (Професионален придружник), ги преставува следниве начини кои ќе ви помогнат да завршите состанок со девојка која не ви одговара, а притоа да изгледате како џентлмен.
1. Бидете искрени кон себе
„Вообичаено, вие знаете веднаш штом ќе ја погледнете девојката, дали ве интересира или не, а понекогаш тоа може да биде штом започне разговорот“ – објаснува Едвардс.
Кога и да забележите дека девојката не ве привлекува, бидете искрени кон себе наместо да се трудите да останете на неколку пијачки. Овој совет не само што ќе ви заштеди пари, туку и ќе ви ги поштеди чувствата на двајцата.
2. Малите лаги се во ред…
Кога станува збор за состанувањето или пронаоѓањето љубов, лажењето обично не е во ред, но ако сакате да ги заштитите нејзините чувства и да си олесните во напуштањето на состанокот без да предизвикате сцена, малите наивни лаги се во ред.
„Со почит скратете го состанокот порано отколку што вообичаено би го завршиле, со изговор дека имате планови со вашите пријатели да гледате натпревар“ – советува Едвардс.
3. Бидете искрени кон неа
Зависно од впечатокот која го имате за девојката – дали таа е самоуверена, пријатна, релативно нормална – искрениот пристап може да е полесен затоа што и онака таа веројатно ќе ги забележи вашите мали лаги.
„Можете да бидете директни и искрени и да ѝ кажете дека не чувствувате привлечност. Тоа може да изгледа смешно за вас, но жените тоа го прават постојано. Нема ништо погрешно во тоа да ја искажете вашата незаинтересираност кон неа, додека тоа го правите со почит. На пример кажете нешто вака: ‘Навистина уживав во пијалакот со тебе, но не сум сигурен дека има привлечност помеѓу нас’. Ако имате другар кој би можел да е заинтересиран за неа, не се плашете тоа да го спомнете. Никогаш не се знае, можеби сте на состанок со девојка која е перфектна за некој друг“ – охрабрува Едвардс.
4. Таа нема да плаче ако си заменете
Сериозно, ако останувате поради стравот дека таа сосема ќе полуди ако не останете на втора пијачка, тогаш се лажете. Без разлика колку мислите дека ѝ се допаѓате и колку емотивно кревка ви изгледа, жената нема да направи сцена во јавност само затоа што сте останале на еден пијалак. Всушност, Едвардс вели дека мажите често ги комплицираат состаноците повеќе одошто има потреба.
„Состанок е, и понекогаш едноставно не оди. Се случува. Нема потреба да водите внатрешна борба за да го издржите целиот состанок и да потрошите дополнителен час од своето време само затоа што се обидувате да бидете фини“ – додава Едвардс.
5. Изговорот мора да е краток
„Мажите ќе измислат цели приказни зошто мора да си заминат порано, но тоа е опасно. Колку поспецифична е приказната, толку повеќе девојката ќе станува скептична и тоа ќе доведе до чувство на огорченост кон вас.“
Поради ова, не кажувајте ѝ дека треба да си одите дома затоа што треба да станете рано за да појадувате со вашата баба која живее во Германија и доаѓа на посета еднаш годишно… и дека вие сте многу возбудени што ќе ја видите… само заминете. Крај на приказната.
6. Што ако ви пише следниот ден?
Можеби не го сфатила сигналот кој сте ѝ го испратиле на минатиот состанок или можеби таа мисли дека со втор состанок ќе биде подобро. Ако не сакате да има втор состанок, бидете директни и фини.
„Можеби ќе бидете во искушение сосема да ја игнорирате, но прво морате да отворени. Љубезно кажете ѝ дека не сте заинтересирани за неа на романтичен начин, а ако ве притиска, тогаш имате причина да ги игнорирате нејзините пораки, но штом искрено сте ѝ кажале дека не сте заинтересирани, таа би требало веднаш да сфати и да го цени тоа што не ја завлекувате.“
7. Обидете се да не се грижите
Одбивањето е одбивање и ако таа мислела дека чувствата се обострани, секако ќе биде разочарана, на еден или на друг начин. Иако таа можеби е одлична девојка, едноставно не е за вас – па посакајте ѝ се најдобро и продолжете понатаму. На двајцата ви престојуваат уште многу состаноци во иднина.