КАФЕ ПАУЗА

Зошто најдобрите нешта се случуваат кога најмалку ги очекуваме?

Зошто најдобрите нешта се случуваат кога најмалку ги очекуваме?

Written by

in

,

Колку пати ви се случило со месеци безуспешно да испраќате апликации за работа, а кога сте се откажале, работата од соништата сама дошла кај вас? Од колку состаноци сте се вратиле разочарани и кога конечно сте се убедиле дека не ви е потребен никој, сосема случајно сте ја сретнале љубовта на вашиот живот? Сите овие ситуации се објаснуваат со изреката „Најубавите нешта се случуваат кога најмалку се надевате“.rnrnЗошто најдобрите нешта се случуваат кога најмалку ги очекуваме?rnrnПостојат неколку факти кои одат во прилог на оваа изрека, па изгледа најдобро е навистина да му дозволиме на животот самиот да се случува. Погледнете зошто.rn

1. Кога нешто конечно ќе го пуштите, почнувате да гледате појасно

rnПонекогаш толку силно посакувате да се случи нешто, што не размислувате рационално и самите се буните. Во тој момент, потребно е да ѝ ставите пауза на вашата желба и да го оттргнете фокусот. Кога конечно вниманието ќе го свртите кон нешто друго, ќе имате неспоредливо појасна слика за сè што ви се случувало во последно време. Дури тогаш ќе сфатите колку тоа било добро или лошо за вас. Понекогаш едноставно треба да заборавите на вашите желби, за побрзо и полесно да се остварат пред вас.rn

2. Морате да се препуштите

rnПонекогаш ништо не се одвива онака како што сакате, а најдобрите нешта обично се случуваат кога ќе ја тргнете вашата контрола. Понекогаш самите се кочите бидејќи премногу размислувате и им дозволувате на можностите за остварување на соништата да ви поминат пред нос. Во овој момент заборавете на ризик и одете по вашата среќа.rn

3. Научете да живеете во моментот

rnОна што не се случило, не ни требало да се случи. А она што допрва ќе се случи, воглавно зависи од она што ви се случува во моментот. Поради ова важно е да научите да го живеете животот без да му се навраќате на минатото и без да ја планирате иднината. Живејте во сегашноста, во моментот кој се случува токму сега. Секој ден од вашиот живот е посебен и ако се обидете да ги правите нештата што ве прават среќни, ќе доживеете многу исполнувачки искуства.rnrnПогледнете и кои се убијците на среќата што ги крадат вашите шанси за успех.