КАФЕ ПАУЗА

Желби чие остварување носи несреќа: Од милиони на лото до факултетска диплома

Добивањето џек пот најпрво носи огромен наплив на среќа, а потоа голема празнина, па дури и депресија бидејќи веќе нема уживање во предизвиците на животот, предупредуваат стручњаците.rnrn0-zhelbi-chie-ostvaruvanje-nosi-nesrekja-od-milioni-na-loto-do-fakultetska-diploma-kafepauza.mkrnrnВо старата народна поговорка „пази што посакуваш, може да ти се оствари“, има многу повеќе вистина одошто би очекувале. Она што сега ни изгледа идеално за нашиот живот и силно го посакуваме, може да се претвори во кошмар кога ќе се оствари. Да имаме сон и да го живееме звучни идеално, но да бидеме реални…rnrnОва се 8 примери за некои од најголемите животни желби кои на крајот можат да нè уништат.rn

1. Добивката на лото ја цица среќата

rnСметката во банка ќе ви биде полна, но емотивно ќе бидете празни бидејќи ќе можете да си купите сè што ќе посакате. Затоа ќе се изгуби чувството на возбуда и среќа кое го чувствуваме кога ќе си купиме нешто што долго време сме го посакувале.rnrn1-zhelbi-chie-ostvaruvanje-nosi-nesrekja-od-milioni-na-loto-do-fakultetska-diploma-kafepauza.mkrnrnИ самото играње игри на среќа дава одредено задоволство, па дури и кога не добиваме ништо. На пример, уплаќате ливче за 50 денари. За тие пари уживате во фантазирањето што би направиле доколку добиете за 7 дена од сега.rnrnСпоред тоа излегува дека тие 50 денари се малку пари за 7 дена безгрижно патување во светот на фантазијата. Истражување од 1979 година покажало дека добитниците на игри на среќа не се посреќни од оние кои само играат и никогаш не добиваат. Добитниците дури признале дека помалку уживаат во секојдневните работи, дружењето со пријателите, читањето списанија, добивањето комплименти и сл.rnrnАко некој освои џек пот најпрво ќе го зафати голем наплив на среќа, односно еуфорија. Кога тоа ќе спласне, повеќе никогаш ништо нема да може да го надомести тоа чувство бидејќи тој ќе бара нешто повеќе, посилно, поинтензивно. На крајот доаѓа до чувство на празнина и депресија.rnrnСпоред истражување спроведено на Универзитетот Харвард, излегува дека посреќни во животот биле оние добитници кои избрале добивката да им се исплаќа во еднакви годишни рати за разлика од оние кои го подигнале целиот износ.rn

2. Освојувањето сребрени медали унесреќува

rnЗнаете дека сте биле само на чекор до златото за да бидете најдобри во светот, и тоа ќе ве изеде. Иако од оваа перспектива можеби мислиме дека би биле среќни и со сребро, тоа во пракса не е така бидејќи во човековата природа е желбата да бидеме најдобри, најпаметни, најубави. Освојувачите на сребро признаваат дека на крајот тоа го доживуваат како неуспех.rnrn2-zhelbi-chie-ostvaruvanje-nosi-nesrekja-od-milioni-na-loto-do-fakultetska-diploma-kafepauza.mkrnrnИстражување од 1992 година спроведено меѓу атлетичарите на Олимпијадата во Барселона го покажало интензитетот на воодушевувањето од освојувањето златни, сребрени и бронзени медали. Освојувачите ги оценувале своите чувства со оценки од 1 до 10, каде што 1 претставувало чувство на агонија, а 10 екстаза.rnrnОчекувано, оценките за злато биле многу високи. Освојувањето сребрени медали создало чувство со просечна оценка од само 4,8, во споредба со добитниците на бронзени, кои во просек дале 7,1.rn

3. Преселбата во странство може да го уништи семејството

rnМилиони луѓе секоја година мигрираат од една земја во друга во потрага по подобар живот и среќа. За бракот тоа може да биде многу напорно бидејќи сè се менува: културата, начинот на живот, работата, луѓето кои нè опкружуваат…rnrnЧесто при преселбите во странство еден од партнерите работи и заработува додека другиот останува дома и почнува да се чувствува бескорисно. Ако имате деца, работите стануваат уште полоши.rnrn3-zhelbi-chie-ostvaruvanje-nosi-nesrekja-od-milioni-na-loto-do-fakultetska-diploma-kafepauza.mkrnrnСтудија од 1990 година открила дека дури 40% од семејствата се распаѓаат, најчесто затоа што членовите не можеле да се навикнат на новите промени. За постарите деца може да биде многу тежок период од животот. Тие немаат пријатели, опкружувањето на училиште е ново и непознато… Тогаш им паѓа самодовербата и постануваат несигурни во својата иднина.rn

4. Заработката на милиони во сопствена фирма води до депресија

rnКон крајот на 1990-тите, голем број луѓе кои направија богатство на интернет постанаа депресивни. Иако постојат повеќе теории зошто е тоа така, најреална е онаа дека луѓето сакаат да чувствуваат напредок во животот.rnrn4-zhelbi-chie-ostvaruvanje-nosi-nesrekja-od-milioni-na-loto-do-fakultetska-diploma-kafepauza.mkrnrnНо, ако преку ноќ постигнат огромен успех, понатаму во животот нема да им се случува ништо што може тоа да го надмине. Тогаш почнуваат да се чувствуваат бескорисно и несреќно. Ќе се изолираат од луѓето токму заради огромното богатство. Најлошо е кога тоа ќе се случи пред 40-тата година од животот.rn

5. Постанувањето извршен директор носи огромен стрес

rnМногу вработени, додека го гледаат својот шеф, знаат колкава е неговата плата и опсегот на неговите привилегии посакуваат да бидат на негово место. Сè додека не искусат како е да се биде на врвот на компанијата, мислат дека тоа не носи ништо освен голема среќа.rnrnЖивотот на многу директори на фирми е празен и осамен. Семејствата им се распаѓаат бидејќи повеќе време поминуваат на работа одошто дома, па се оддалечуваат од оние со кои би требало да бидат најблиски. Освен тоа, одговорноста на работа е толку голема што ретки се оние кои можат да се носат со тоа ниво на интензивен стрес, а притоа да не се почувствуваат последиците.rnrn5-zhelbi-chie-ostvaruvanje-nosi-nesrekja-od-milioni-na-loto-do-fakultetska-diploma-kafepauza.mkrnrnПодатоците собрани помеѓу 1957 и 2004 година покажуваат дека жените на високи позиции почесто запаѓаат во депресија од оние на пониските.rn

6. Животот на село води до осаменост и депресија

rnДодека сме опкружени со градските гужви, бучавата и стресот, сонуваме за преселба на некое мирно место каде што животот е потивок, а темпото побавно. Но, животот на село, наместо задоволства, може да донесе депресија.rnrn7-zhelbi-chie-ostvaruvanje-nosi-nesrekja-od-milioni-na-loto-do-fakultetska-diploma-kafepauza.mkrnrnНеодамнешна студија спроведена на Универзитетот Мичиген открила дека белите жени од руралните средини почесто патат од депресија и нарушување на расположението од оние во градовите. Кај жените со темна кожа пак било обратно. Тие биле посреќни на село, а подепресивни во градовите.rnrnСтручњаците тоа го објаснуваат со тоа што темните жени во текот на животот на село имаат многу повеќе пријатели, се дружат со соседите и слично. Од друга страна, белите жени на село се осамени и се чувствуваат претрупани со работа и обврски.rn

7. Забременувањето може да ги уништи вашите перспективи за вработување

rnЗа многумина, нема ништо поубаво од скрасувањето со партнерот од соништата и планирањето семејство. Мајчинството е убава работа, и тоа сите го кажуваат, но испуштаат да кажат дека на тој начин жените добиваат и помали шанси за вработување.rnrn6-zhelbi-chie-ostvaruvanje-nosi-nesrekja-od-milioni-na-loto-do-fakultetska-diploma-kafepauza.mkrnrnСпоред извештај од 2014, вработените жени кои планирале да забременат често биле уназадени, присилени да земат неплатен одмор или дури и отпуштени.rnrnЕдно британско истражување открило дека половина од бремените жени чувствувале дека биле дискриминирани, а 30.000 тврделе дека биле присилени да ги напуштат своите работни места.rnrnДури и кога ќе го росите детето, проблемите може да не се сè уште завршени. Студиите покажуваат дека кариерните жени кои станале мајки губат околу 5% од платата за секое дете што го имаат. Имањето дете можеби е убава работа за домашниот живот, но може да биде катастрофа за професионалниот.rn

8. По дипломирањето животот станува полош, не подобар

rnДодека одиме на факултет, ни се чини дека најубав период од животот ќе ни биде моментот кога ќе завршиме и кога конечно ќе дојде тоа чувство на ослободување од обврската постојано да учиме. Но, таа слобода е со краток век. Следува потрага по работа, плаќање сметки, семејни обврски.rnrn8-zhelbi-chie-ostvaruvanje-nosi-nesrekja-od-milioni-na-loto-do-fakultetska-diploma-kafepauza.mkrnrnНекои луѓе по завршувањето на образованието паѓаат во депресија бидејќи сфаќаат колку е животот всушност тежок. Тогаш се присетуваат на животот додека биле на факултет и посакуваат повторно да седнат во клупа и да бидат безгрижни како тогаш.