КАФЕ ПАУЗА

Детски офталмолог објасни кога и зошто бебињата ја менуваат бојата на очите

Детски офталмолог објасни кога и зошто бебињата ја менуваат бојата на очите

Детскиот офталмолог Доглас Фредерик објаснува дека кога се раѓаат бебиња, особено оние со светла кожа, тие имаат светла боја на очите поради многу малку меланин во нивните очи. Меланинот е пигмент кој им дава боја на очите, кожата и косата. Количината на меланин во ирисот, обоениот дел од окото, одредува каква боја на очите ќе има лицето.rnrnГенетиката одредува колку меланин или пигмент ќе има една личност во своето тело. ДНК-то што бебето го добива од родителите одредува дали е кафеава, сина, зелена или други бои. Бебето може да се роди со сини очи затоа што очите понекогаш не произведуваат многу или воопшто не произведуваат меланин додека бебето е во матката. Сепак, по раѓањето, светлината го стимулира производството на меланин, поради што бојата може да се менува со текот на времето.rnrnДетски офталмолог објасни кога и зошто бебињата ја менуваат бојата на очитеrnrnОфталмологот истакнува дека бојата на пигментот не предизвикува промена. Нема син, сив, зелен или кафеав пигмент во окото. Единствениот пигмент што го имаме во нашите очи е кафеав, а количината на тој пигмент одредува дали нечии очи се посветли или потемни.rnrnЕден родител со кафеави очи и другиот родител со кафеави очи треба да има бебе со кафеави очи, нели? Да, но не секогаш. Постојат повеќе гени во нашето тело кои придонесуваат за бојата на очите. Дури и ако и двајцата родители имаат кафеави очи, можно е бебето да заврши со сини очи ако родителите имаат гени на сини очи некаде во генетската конституција или ако имаат мутиран ген што може да се пренесува низ генерациите како рецесивен.rnrnЕкспертите велат дека најголемата промена најверојатно следи во периодот од шестиот до деветтиот месец од животот. За време на неколку недели или месеци, исто така може да забележите дека бојата на очите на вашето бебе станува потемна. Промената е толку постепена што можеби дури и не ја забележувате додека еден ден вашето дете не се разбуди со друга боја на очите.rnrnДо 12 месеци, повеќето бебиња имаат своја трајна боја на очите, иако д-р Фредрик вели дека кај некои деца бојата на очите може да се променува до шестгодишна возраст. Сепак, ваквите случаи се ретки и промената не се јавува преку ноќ.rnrnВо секој случај, бојата на очите на бебето ќе се промени без никакво влијание врз видот или какви било други проблеми со окото. Но, ако бојата на очите се смени само на едното око или ако забележите дека очите на бебето се заматени, не заборавајте да посетите педијатар или детски офталмолог.rnrnПрочитајте ги и овие интересни показатели што го откриваат полот на детето.