Водич за мрзливи девојки: 10 одлични трикови за убавина кои целосно ќе ви го променат животот

Водич за мрзливи девојки: 10 одлични трикови за убавина кои целосно ќе ви го променат животот

Има денови кога сите ние сме толку мрзливи што едноставно не ни се станува од кревет, а да не зборуваме воопшто за шминкањето и средувањето. Токму затоа погледнете ги овие 10 сјајни трикови кои целосно ќе ви го променат светот за време на мрзливите денови. Станува збор за неколку тајни на големите професионалци кои ќе ви помогнат секогаш да изгледате прекрасно, дотерано, уредно и средено со многу малку труд.

Водич за мрзливи девојки: 10 одлични трикови за убавина кои целосно ќе ви го променат животот

Чувајте го лосионот за отстранување шминка или влажните марамчиња покрај креветот за да не морате никогаш повеќе да заспивате со шминка – Сите жени многу добро знаат дека не е добро да се спие со шминка бидејќи можат да настанат различни инфекции, затворени пори и несакани мозолчиња. Токму затоа чувајте ги производите за отстранување шминка во ваша близина за да можете да ги искористите дури и во оние моменти кога сте премногу уморни да станете од кревет.

Скријте ги пораснатите нокти со гел со помош на украсни светки – Немате време да ја посетите козметичарката за да ви ги среди ноктите? Нема проблем, додајте малку украсни светки на почетокот на ноктите и тие ќе бидат сјајни сè додека не отидете на маникир.

Оние денови кога не сте расположени за шминкање, употребете кармин – Ставете кармин на устата, а потоа малку на образите и на очите. Со помош на карминот можете да го освежите вашиот изглед, притоа без да изгубите повеќе од 2 минути. Исцртајте една линија преку образите, а друга врз очните капаци и на крај ставете и на усните. Потоа со прстите нежно притискајте врз кожата за добро да го размачкате. На овој начин ќе изгледате природно и свежо.

Доколку ви се исушило моливчето за очи, а ве мрзи да одите да купите ново, употребете ја маскарата на негово место – Да, добро прочитавте. Земете чепкалка за уши или четка за сенка, потопете ја во маскарата и потоа внимателно исцртајте линија на вашите очи.

Бебешката пудра е најдобро решение за мрсната коса – Доколку вашата коса е навистина мрсна и морате да излезете, но немате време да ја измиете, најдоброто решение е бебешката пудра! Без разлика дали имате темна или светла коса, кога добро ќе ја распоредите на вашата глава таа не само што нема да остави траги туку истовремено ќе направи вашата коса да изгледа сјајна и чиста.

Прекрасни локни без никаков труд – Исто така доколку сакате локни, а наутро немате време и волја за фигаро, направете плетенка со која ќе спиете и кога ќе се разбудите ќе имате совршено брановидна коса.

Совршен тен со помош на 2 коректора и 2 движења – Доколку сакате совршено да го тонирате вашиот тен, сè што треба да направите е на вашето лице да го исцртате бројот 3 со коректор кој е 2 нијанси посветол од вашиот тен. Нацртајте ја горната линија над веѓите, средната над јаболкниците и третата над вилицата. Наспроти овој број 3, нацртајте ја со истата постапка буквата Е, но овој пат со коректор кој е 2 нијанси потемен од вашиот тен.

Исушете ја кремата за лице или пудрата со помош на фен – Доколку сте нетрпеливи или едноставно немате време да чекате да се исуши кремата или течната пудра на вашето лице, едноставно вклучете го фенот и насочете го кон вашето лице. Секако, тој нека биде наместен на ладно.

Поглед кој заведува – Потребни ви се само 2 чепкалки за уши со чија помош благо ќе го размачкате моливчето на вашите очи. Повелете и друг пат!

Пунџата е брза фризура за мокра коса – Доколку сте нашле време за да се избањате, но не и да ја исушите косата, тогаш едноставно соберете ја во ниска пунџа и вашиот проблем е решен. Не само што добро ќе изгледате и со мокра коса, туку кога таа ќе се исуши ќе имате прекрасна брановидна коса…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар