КАФЕ ПАУЗА

Клучот за психичкото здравје се крие зад прифаќањето на вашите најмрачни емоции

Клучот за психичкото здравје се крие зад прифаќањето на вашите најмрачни емоции

Written by

in

,

Живееме во свет со многу „лица“. Сите се претставуваме на различен начин пред различни луѓе. Понекогаш нашиот обид да го обликуваме сопствениот карактер според туѓите очекувања дава спротивен ефект. Не можеме да направиме разлика помеѓу она што навистина сме и она што се обидуваме да го прикажеме.rnrnКлучот за психичкото здравје се крие зад прифаќањето на вашите најмрачни емоцииrnrnОвој проблем настанува кога не ви е пријатно во своја кожа. За да живеете среќен и исполнет живот, мора да ги разберете и прифатите вашите најмрачни емоции. Ако ги закопувате длабоко во себе, нема да решите ништо, бидејќи порано или подоцна тие ќе излезат на површина. Вештината за прифаќање се развила благодарение на ориенталната филозофија.rnrnНауката исто така сфатила колку е важно прифаќањето кога станува збор за голем број проблеми поврзани со депресија и анксиозност. Според психолозите, прифаќањето не подразбира обид за промена на нашите чувства, туку обид за одржување контакт со емоциите и нивно прифаќање.rnrnНекои истражувања покажале дека прифаќањето на најмрачните емоциите не доведува до среќа, но ја зголемува нашата способност за справување со емоционалните стресови. Освен тоа, прифаќањето е поврзано со целокупното ментално здравје кога се користи во битка против негативните емоции.rnrnПрифаќањето им помага речиси на сите луѓе и не е ограничено на специфична социоекономска или расна група. Луѓе со различни потекла можат подеднакво успешно да се справат со нивните емоционални проблеми користејќи ја техниката на прифаќање. Исто така, оваа техника не мора да се користи само во случај на сериозна емоционална вознемиреност, туку може да послужи и кај ситните негативности. За да има најголем ефект, најдобро е да стане дел од вашиот секојдневен живот.rnrnКрајните резултати по ова прашање биле добиени благодарение на едно истражување составено од 3 дела:rn

    rn011

  • Во првиот дел биле испратени 1.000 прашалници на студенти. Прашањата се фокусирале на психичкото здравје и емоционалната стабилност. Резултатите биле позитивни, бидејќи покажале дека студентите кои редовно ја практикувале техниката на прифаќање имале помалку негативни емоции и подобра благосостојба.
  • rn011

  • Во следното истражување, 156 луѓе биле ставени во стресна ситуација. Тие морале да одржат 3-минутен говор преправајќи се дека тоа е дел од интервју за работа. Луѓето кои биле поотворени кон прифаќањето, постигнале подобри резултати. Испитаниците биле избрани на таков начин што повеќе од половина од нив имале доживеано голем негативен стрес во последните неколку месеци.
  • rn011

  • За последното истражување, истражувачите побарале од 222 луѓе да водат дневник во кој ќе ги запишуваат ситуациите што им предизвикале најголем стрес во текот на повеќе од 2 недели. Луѓето кои редовно ја практикувале техниката на прифаќање во минатото успешно ја завршиле задачата. Нивните записи во дневникот откриле дека стресните настани ги доживеале многу смирено и опуштено. Тие можеле да се справат со ситуацијата.
  • rn

rnКлучот за психичкото здравје се крие зад прифаќањето на вашите најмрачни емоцииrn

Пробајте да ѝ одолеете на потребата од тоа да се стремите кон наоѓањето среќа

rnМногу е важно да ги одредите границите на прифаќањето. Самиот збор значи дека треба да ја прифатиме суровата реалност, на пример, да разбереме дека смртта е нешто сосема нормално и неизбежно. Меѓутоа, прифаќањето не значи дека треба да ги прифаќате туѓите грешки. Неприфатливо е да дозволувате да се случуваат неправди. Не смеете да ги толерирате неправдите.rnrnНегативните работи во животот се неизбежни и мора да разбереме дека нема да можеме да ги одбегнеме само ако се фокусираме на позитивните работи. На пример, луѓето постојано умираат и заминуваат од нашите животи. Ако сме навикнати само на позитивните мисли, ваквата реалност ќе нѐ погоди уште повеќе кога ќе се случи, а сигурно ќе се случи еден ден.rnrnДодека се обидуваме да се држиме подалеку од негативните емоции, не смеете да јуриме кон позитивните, бидејќи тоа ќе го наруши нашиот мир и спокој. Најдобро е да ја прифатите вашата состојба и да ја разберете вашата ситуација за да си го зачувате менталното здравје.rnrnПрочитајте ги и овие 10 начини да го подобрите вашето ментално здравје.