КАФЕ ПАУЗА

Неколку начини да ги спречите габичните инфекции

Неколку начини да ги спречите габичните инфекции

Како и повеќето жени, сигурно и вие се имате соочено со проблемите кои можат да настанат од габичните инфекции. Но, и покрај сè постојат неколку начини на кои можете да ја одржувате ситуацијата под контрола.rnrnНеколку начини да ги спречите габичните инфекцииrnrnГабичните инфекции најчесто ги предизвикува габата која се нарекува Кандида и таа живее во секое тело, а напаѓа кога се нарушува рамнотежата на киселоста во женскиот полов орган, претежно во матката и токму поради тоа се јавува иритација и чешање. Ситуацијата не е толку страшна колку што ви изгледа на почетокот и доколку ги следите овие совети ќе можете лесно да се заштитите од повторна габична инфекција…rn

Правилна исхрана

rnЕкспертите препорачуваат дека недела дена пред менструацијата треба да се консумираат пробиотици, а да се избегнува шеќерот и јаглехидратите. Јогуртот и кефирот треба да се пијат во поголемо количество, но и да се додадат повеќе лук и супи во секојдневната исхрана кои служат како превентива од габичните инфекции. Благите работи се вистинска замка во исхраната бидејќи тие го поттикнуваат развојот на габите.rn

Избор на гардероба

rnГабичните инфекции знаат да бидат досадни, но тие не се нешто со што не можеме да се справиме. Тие најчесто се размножуваат во топла и влажна околина и тоа значи дека тесната облека е одлично место за нивно развивање. Секогаш одбирајте облека која е направена од природни материјали и пеглајте ја долната облека со цел да ги уништите бактериите кои може да се нашле врз неа.rn

Лична хигиена

rnГабичното воспаление создава силна иритација, чешање и бело прање, па токму затоа има и непријатна миризба. Многу е важно редовно и правилно да ја одржувате вашата интимна хигиена. Никогаш не користете жешка вода за миење на интимната област и избегнувајте ги сапуните, особено оние кои се парфимирани. Исто така не се препорачуваат ниту миризливите тампони и влошки, барем не додека имате инфекција.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.