Дали некогаш сте се запрашале зошто диетите делуваат невозможни и ретко функционираат? Сепак, изгледа постои барем една „диета“ што не ве изгладнува, не е скапа и не ве прави мизерни до крајот на втората недела. Експертите ја нарекле најлесната диета за следење.rn
Зошто е тешко држењето диети?
rn
rnrnПричината е што многу луѓе имаат нереални очекувања. Диетата не е нешто што го правите 2 недели и веднаш потоа го добивате телото од соништата. Речиси е невозможно брзо да ослабете, a да не ги вратите килограмите. Покрај тоа, скратувањето на калориите и хранливите материи создава повеќе проблеми отколку што помага.rnrnПа зошто некои диети функционираат, а некои не? Бидејќи не се навистина диети, барем не од видот што го бараат луѓето кои сакаат да ослабат за неколку дена.rnrnМедитеранската диета на пример, е повеќе начин на исхрана наместо традиционална диета. Нема планови за оброк, нема забранета храна, ниту нереални ветувања.rn
Зошто медитеранската диета е најлесна за следење?
rn
rnrnОваа диета не само што е балансирана и безбедна за сите, туку не е скапа и е едноставна.rn
- rn 011
- Не елиминира цели групи храна.
- Не го ограничува внесот на калории.
- Можете да јадете десерти и да пиете вино.
- Можете да јадете во ресторан.
- Храната ќе ве заситува.
- Можете да заштедите на време со приготвување оброци однапред.
- Нема потреба да трошите екстра пари на одредени видови храна или програми.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Како функционира медитеранската диета?
rn
rnrnБидејќи оваа диета подразбира начин на исхрана, а не строг режим, вие самите треба да одредите колку калории ќе внесувате за да ослабете или за да ги одржите килограмите, колку ќе бидете активни и како ќе го обликувате вашето медитеранско мени. За да започнете да ја следите, доволно е да ја погледнете пирамидата на медитеранската диета. Таа ги нагласува овошјето, зеленчукот, целите житарици, мешунките, јатките, маслиновото масло, тревките и зачините на дното, потоа се рибата и морската храна барем два пати неделно; пилешко, јајца, сирење и јогурт се внесуваат во умерени количини, додека благото и црвеното месо се само за специјални прилики. Ако сакате можете да консумирате вино, исто така умерено, а водата е секако задолжителна. Не заборавајте да уживате во оброците заедно со други луѓе и да бидете и физички активни.rn
Дали медитеранската диета е добра за слабеење?
rn
rnrnМедитеранската диета е рангирана како 41-ва диета за слабеење. Не ви нагласува да јадете помалку калории за да ослабете, па ако самите не го направите тоа најверојатно нема да забележите голема промена во тежината.rnrnНа некој начин оваа диета не била дизајнирана за слабеење. Ако вашата цел е да ослабете што е можно побрзо, тогаш можеби ова не е диетата за вас. Но, ова не значи дека од неа нема здравствени придобивки. Таа е добра за вашето срце и го намалува ризикот од ментални болести како деменција. Исто така ве поттикнува да консумирате здрави масти и протеини.rnrnАко сте подготвени за долгорочно посветување и сакате да следите поздрав начин на исхрана, нема причина зошто да не ослабете и да се чувствувате подобро. Разликата е што можеби промената ќе настане по неколку месеци наместо по неколку недели.rnrnДознајте и кои се 4-те најздрави диети.