Автор: Калин БабушкуrnrnНекои работи, за да може да се направат или да се променат, потребно е да се преземат активности. Многу ретко работите се случуваат сами по себе, но и да се случат, не биле сами по себе.rnrn
rnrn rn
„Многу одамна дојдов до сознание дека луѓето кои постигнуваат успех ретко седат со скрстени раце и дозволуваат нештата да им се случат. Тие одат и им се случуваат на нештата.“ – Леонардо да Винчи
rnНо преземањето активности и акција не е секогаш лесно и брзо! И само поради тоа, многу ретко знаеме да преземеме акција и работата да ја завршиме до крај. Сакаме, но бидејќи поголемиот број од нас не се луѓе од акција, работите остануваат недовршени. И тоа е за работи во секој сегмент од нашиот живот (работа, дома, опкружување, итн.)rnrnЕве ви неколку совети како да станете човек од акција и како работите да ја видат светлината на денот:rnrnГОЛЕМИ очекувања наспроти МАЛИ резултати – Најчесто не ги завршуваме работите затоа што си поставуваме високи цели и имаме големи очекувања. Штом целите и очекуваните резултати се поставени, гледајте да ги доведувате до најмала можна остварлива работа. Кога се сведени на помали резултати, полесно е да се остварат. Мали резултати водат кон остварување на голема цел.rnrnTo do листа – Секоја вечер имајте ваква листа со приоритетни работи. Немојте да претерувате со приоритетни работи затоа што секој од нас може да заврши (квалитетно) максимум 7 -11 приоритетни работи во текот на целиот ден (не се смета периодот кога спиеме).rnrnМенаџирање со време – Само со добро менаџирање во времето можете да бидете човек од акција. Сите тие на кои им недостасува по некоја минута, нормално е што не се од акција и имаат отпор кон тоа. Па, немаат време.rnrnВизуализирање на работите – Ако не можете да ги визуализирате резултатите и работите кои треба да ги направите, нормално е да не ги направите. Ако немате способност да ги визуализирате, ќе ви биде тешко да ги разберете.rnrnФокусирајте се на КАКО, а не на ШТО АКО – „Што ако“ може да ви одземе многу време (часови, месеци, години) додека дојдете до заклучок, а и мозокот ќе ви се измори. Наместо тоа фокусирајте се на тоа како да направите некоја работа или решите некој проблем. Направете истражување, ако треба, но фокусирајте се на тоа КАКО да ја завршите работата.rnrnЕнтузијазам и позитивен поглед на работите – Имајте позитивна енергија и мисли дека со извршување на работите или преземање на акцијата правите некои промени коишто позитивно може да се одразат на вас, вашите најблиски и вашето опкружување. Кога ги правите работите, правете ги со ентузијазам и со позитивна енергија.rnrnНе се откажувајте – За работите што ги правите не секогаш ќе имате поддршка. Тоа не значи дека не ги работите добро или дека не треба да ги работите. Поголемиот број луѓе се без акција како што сте биле и вие, па им треба време да се променат.rnrnДополнително на ова, доколку нешто ви пречи или мислите дека треба да се промени или подобри, преземете акција. Бидете иницијатор и немојте да губите надеж. Правејќи ги работите за себе, ги правите и за другите.rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.