Дали во текот на „оние“ денови од месецот само сте легнати во вашиот кревет и очајно барате некакво олеснување? Доколку одговорот е да, можеби и вие ќе ги посакате тампоните со канабис.rnrn
rnrnСпоред Foria Relief, производителот на револуционерните женски продукти, овие тампони со канабис можат да помогнат при менструалните болки. Имено, причината се состојките на растението канабис познати како THC и CBD. Бидејќи тампонот се става во близина на местото од каде што почнува болката, ефективно може да ги намали грчевите.rnrnПовеќето жени кои ги пробале тампоните изјавиле дека почувствувале намалување на менструалните симптоми во рок од 15-30 минути. Како резултат, некои производители дури препорачале тампоните да се ставаат ректално, доколку имате проблеми со болки во грбот или колковите.rnrnМарихуаната има долга културолошка историја како природен лек за ублажување симптоми. Па во многу држави во коишто марихуаната е легална, производителите ја додаваат во нивните продукти. Се разбира, овие тампони имаат и повисока цена. Додека не се достапни кај нас, можете да ги најдете во Колорадо и Калифорнија, а цената за 4 тампони е дури 39 евра.rnrnДали знаете кои се здравствените придобивки од марихуаната?
Тампони со канабис против менструалните болки
