Учењето децата да си го сакаат телото е една од најтешките задачи за еден родител во денешно време. Културата во која живееме може да ги натера да мислат дека не се вредни за ништо доколку не изгледаат согласно одреден критериум, па затоа родителите мораат да се борат со тоа уште додека тие се мали. Еве што експертите советуваат во врска со тоа.rnrn
rn
Сакајте си го вашето тело
rnАко вие не се чувствувате убаво во вашето тело онакво какво што е, на децата им праќате порака дека сепак треба да почитуваат одреден критериум. Ако постојано велите дека сте дебел/а пред вашите деца, бидете сигурни дека тие ќе го имитираат вашето однесување.rn
Научете ги дека „дебел/а“ не е чувство
rnАко им речете „се чувствувам дебело“ ќе им покажете дека дебелината е чувство, а не состојба. Кога ќе научат дека индексот на телесна тежина определува дали се дебели или не, а не тоа како се чувствуваат, ќе добијат и подобра слика за своето тело.rn
Научете ги дека слаб не значи здрав
rnСекој може да ослабе ако не јаде и се изгладнува, но тоа не значи дека ќе биде здрав. Објаснете им на вашите деца што значи здрав режим на исхрана и дека во најдобар случај ќе изгледаат онака како што ги направила природата. Сè друго би било нездраво.rn
Не изигрувајте полицаец
rnНаучете ги да јадат здрава храна и не чувајте нездрава храна дома. Откако ќе ги научите дека пржените компирчиња и слатките се најубави на светот, џабе е да трчате по нив и да им забранувате да ги јадат. Тие ќе најдат начин да стигнат до нив додека вие не гледате.rnrn
rn
Мотивирајте ги да спортуваат
rnТие и бездруго се огледуваат на спортистите кои ги гледаат на телевизија, па искористете го тоа да ги насочите кон спортување. Со тоа подобро ќе ги развијат своите тела, а ќе стекнат и поголема самодоверба.rn
Практикувајте „здрави“семејни активности
rnВремето кое го поминувате задно како семејство можете да го поминете во правење и јадење многу слатки и гледање телевизија или во прошетки на чист воздух и играње во паркот. Имате избор во оваа ситуација.rn
Поттикнете ги да ги искажуваат чувствата пред вас
rnСоздадете амбиент во кој вашите деца ќе можат да ги искажат чувствата пред вас без да се плашат од нешто. Во случај да имаат сомнеж во врска со начинот на кој изгледа нивното тело, тие ќе можат да дојдат кај вас и да ви се доверат, а со тоа ќе ви дадат можност да интервенирате навреме и на најдобар можен начин.rn
Немојте да бидете негативни
rnИ секако, негативните коментари не смеат да излезат од вашата уста. Дури и да мислите дека вашето дете може да изгледа подобро, тоа чувајте си го за себе. Ништо не може да го погоди толку силно како негативниот коментар на родителот. Тоа ќе му ја уништи сликата која ја има за своето тело и самодовербата сосе неа. Потребен е тактичен пристап кој детето ќе го насочи на правиот пат.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.