Сакате да смените нешто во вашиот стил на облекување? Почнете од тука.rn
1. Пред сè инвестирајте во градник
rnОдберете го совршениот градник за вас. Имало милиони комбинации кои за малку ќе биле одлични, но градникот едноставно не бил погоден.rn
2. Визуелно издолжете ги нозете
rnОдберете високи потпетици кои се иста боја со панталоните, тоа визуелно ја издолжува вашата нога.rn
3. Експериментирајте со бојата на карминот
rnИстакнатите усни му даваат посебна црта на вашиот изглед.rn
4. Сè е во слоевите
rnБлуза, кошула, јакна и така натаму… Овие елементи едни без други би изгледале нецелосно.rn
5. Инвестирајте во супер комфорни пижами
rnУбави и удобни пижами. Но, носете алишта кои се комфорни и не изгледаат како да се пижами или облека за во вежбање.rn
6. Никогаш не ја потчинувајте моќта на накитот
rnЗамислете ја класичната комбинација на црно здолниште над колена и кошула. На неа додадете некој впечатлив ѓердан и едноставен часовник. Сликата е целосна – Совршени сте и блескате!rn
7. Соединете ги боите
rnНосете бои или уште подобро носете само една боја која ќе ви го подобри и истакне расположението.rn
8. Уште вечерта одберете што ќе носите следниот ден
rnНа сите ни се случува да го облечеме „првото што ќе го фатиме“. Ајде „првото што ќе го фатиме“ да бидат веќе одбрани алишта.rn
9. Направете баланс помеѓу горниот и долниот дел од телото
rnДоколку носите тесни едноставни фармерки, тогаш додајте впечатлив ѓердан или шапка на вас. Доколку пак носите панталони со голем и впечатлив каиш, тогаш не додавајте марами или други додатоци во горниот дел на телото.rn
10. Запаметете: Сè е во деталите
rnЗа да се остави целосен впечаток со облеката потребно е да обрнете внимание на и на останатите детали. Средена коса, нокти, прецизно нанесена шминка и складни потпетици.rn
11. Одберете си удобна долна облека
rnПосебно ако знаете дека некој ќе ја види! Но, настрана тоа. Секако е подобро да носите долна облека која ви прилега. Нема ништо полошо од нескладна долна облека која открива премногу или прави како да имате нешто вишок. Затоа одберете удобна долна облека со која нема да бидете оптоварени дали нешто„ќе испадне“.rn
12. Шапки, шапки, шапки
rnДава посебна црта во вашиот стил и понекогаш се многу корисни, особено кога немате доволно време да ја средите косата.rn
13. Едноставност
rnРазмислете добро за вашиот изглед, дали постојано сакате да одите во тоалетот и да ја проверувате вашата шминка и алишта?rn
14. Плетенка
rnОбична или некоја тотално шик – Класиката останува класика!rn
15. Светот е твојата модна писта
rnТокму така треба да се однесувате. Носете го она што го сакате и што мислите дека ви стои добро и не обрнувајте внимание што другите мислат за тоа.rn
16. Самодовербата е најважниот додаток
rnБез оглед што носите, ако вие се чувствувате самоуверено тоа ќе изгледа најубаво!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

