Автор: Сара ТурановиќrnrnДенес постои голем избор на бои за бојадисување на косата во домашни услови кои што може да испаднат прекрасно, но за да го постигнете тој резултат треба да се придржувате до одредени правила. На пример, внимавајте да користите нијанса на боја која ќе одговара на вашиот тен. За да ги добиете посакуваните резултати, избегнувајте ги овие девет најчести грешки при домашно бојадисување на косата.rnrn
rn
1. Се фарбате во нијанса која е за два пати потемна или посветла од вашата моментална боја
rnАко сакате од темна боја да добиете светла, тогаш не фарбајте ја косата дома, туку појдете на фризер. Тоа е промена која бара стручен третман и ако промената е драстична, на пример од темно кафеава да преминете во руса, најверојатно ќе ви бидат потребни неколку третмани.rn
2. Очекувате бојата да биде иста како на сликата од кутијата
rnНаместо да се потпирате на сликата од кутијата, која може да ве измами, односно да не одговара на вистинската боја, повеќе внимание посветете на типот и описот на бојата. На повеќе кутии ја пишува бојата (руса, црвена, црна) и нијансата (светла, средна, темна), а може да го пишува и тонот (топла, златна, ладна).rn
3. Ја оставате бојата да стои предолго
rnЗа да бидете сигурни дека ќе ја измиете бојата навреме, поставете си аларм за да ве потсети. Многу жени ја оставаат бојата да стои предолго, па доаѓа до оштетување на косата.rn
4. Ја миете косата во лавабо
rnМијалниците и лавабоата немаат доволен притисок на водата, па бојата не може темелно да се измие, а хемикалиите кои ќе останат може да ја оштетат косата. Косата измијте ја над кадата или пак во туш кабина каде што ќе можете темелно да ја отстранете бојата.rn
5. Не се држите прецизно до упатствата
rnБез разлика дали ќе купите боја од различен производител или пак друга нијанса од истиот што веќе го користите, задолжително пред бојадисувањето прочитајте ги упатствата и прецизно држете се до нив. Времето за држење на косата се разликува од производител до производител, а некои бои пак се нанесуваат на влажна, а некои на сува коса.rnrn
rn
6. Купувате премалку боја
rnСекогаш купувајте две кутии боја за да не останете без боја во текот на бојадисувањето. Особено ако имате долга, густа и виткана коса.rn
7. Ги фарбате белите влакна со полутрајна боја
rnАко повеќе од половина влакна се бели, користете трајна боја за бојадисување бидејќи со полутрајната боја нема да ги покриете. Полутрајната боја за коса може да ја користите ако имате мал број бели влакна.rn
8. Се фарбате сами
rnПредниот дел може да го бојадисате сами, но за задниот дел ќе ви треба помош бидејќи тој дел не можете да го видите добро, па ќе треба да го правите тоа на слепо. Замолете ја вашата пријателка, некој од семејството или пак партнерот да ви помогнат.rn
9. Користите тон на боја кој не ви одговара со вашиот тен
rnПостојат два основни тонови боја, топли и ладни. Дали мислите дека изгледате уморно, како лицето да ви е црвеникаво и дека имате флеки по него? Тогаш веројатно користите тон на боја кој не ви одговара на вашиот тен. На жените кои брзо зацрвенуваат и горат на сонце подобро им стојат ладни тонови на боја, односно пепеласти и беж бидејќи топлите тонови ќе го истакнат црвенилото на кожата. Жените кои лесно поцрнуваат на сонце би требало да користат потопли тонови односно медени, карамела, бронзени и златни тонови. Некои жени се наоѓаат во средина, па им одговараат и топли и ладни тонови.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.