Упорноста и вложувањето труд без разлика на исходот се вредни квалитети, но понекогаш сите ние мора да научиме како да кажеме „Доста е!“ Можеби се гордеете затоа што сте силна жена што никогаш не се откажува, без разлика на околностите, но во одредени ситуации, како следните 5, мора да го направите тоа за сопствено добро.rnrn
rn
1. Кога ќе сфатите дека нема да биде подобро
rnБез оглед на тоа дали се работи за непријатна ситуација на работа или во љубовниот однос, порано или подоцна ќе дојде до момент кога ќе се освестиме за фактот дека за нашиот проблем едноставно нема решение. Силните жени во тие моменти често пробуваат да го променат неменливото, но со тоа однесување само себеси си штетат. Мора да престанете да си го трошите времето и енергијата на нешто што едноставно никогаш нема да се случи.rn
2. Кога вашето здравје пати
rnДури и кога целосно се предаваме само на позитивните ситуации, ние на крајот од денот можеме да бидеме исцрпени. Истото однесување во негативните ситуации уште повеќе влијае на нашето психичко и физичко здравје. Па, ако се чувствувате уморно поради трудот што го вложувате во одредени нешта и ако гледате дека вашето тело страда, време е да се откажете. Ништо не вреди толку за да го изгубите сопственото здравје.rn
3. Кога вашиот труд никогаш нема да биде награден
rnКога станува збор за работата, тешко се одлучуваме на ризик. Ние сакаме да го задржиме работното место по секоја цена, дури и кога чувствуваме дека нашиот труд не се цени. Ако сте забележале нешто вакво, тогаш непреземањето ризик е најголемиот ризик за вас. Ако останете онаму каде што сте, вашето задоволство ќе продолжи да расте и ќе стигне до тој степен што можеби дури и ќе ги замразите своите способности и таленти. Не дозволувајте тоа да се случи.rn
4. Кога вашите приоритети ќе се променат
rnМногу нешта се менуваат со времето, па истото се случува и со нашите цели. Ако одредени нешта не ви се приоритет, сосема е во ред да не чувствувате должност да им останете доследни. Едноставно откажете се од нив и посветете се на она што навистина го сакате, бидејќи во спротивно нема да чувствувате никакво долгорочно задоволство во животот.rn
5. Кога едноставно не сте среќни
rnКога ви е тешко да се насмеете, време е да ги преиспитате сите аспекти на сопствениот живот. Погледнете во себе и обидете се да сфатите што е причината за губење на вашата среќа. Можеби проблемот се крие во самите вас, а можеби и нешто друго е во прашање, како фактот дека не знаете кое е вистинското време да се откажете од токсичните луѓе или нешта во вашиот живот.rnrnИ силните жени имаат емоции, плачат и понекогаш со денови не им се станува од кревет!