КАФЕ ПАУЗА

Ако се грижите за вашето здравје веднаш заборавете на овие нешта!

Ако се грижите за вашето здравје веднаш заборавете на овие нешта!

Никогаш претходно не се зборувало толку многу за здравата исхрана. Нутриционистите и големиот број експерти секојдневно нè бомбардираат со бројни совети, предупредувања и најнови откритија за начинот на кој храната влијае врз нашето здравје. Во ова море од информации премногу е тешко да се издвојат оние вистинските совети, а ситуацијата е уште потешка кога треба на полиците во маркетот да се најдат соодветните производи. Но, нутриционистите сепак едногласно се согласуваат за одредени производи на кои никој од нас не може да одолее, но, кои би требало без размислување да ги исфрлите од вашата исхрана.rn

1. Диетален овошен јогурт

rnАко се грижите за вашето здравје веднаш заборавете на овие нешта!rnrnПоголемиот дел од овие производи содржат огромна количина додадени шеќери и ароми, а најчесто имаат дури и до третина помалку протеини од обичниот јогурт. На кратко, тие неколку калории кои ќе ги заштедите се безначајни во однос на фактот што овие производи немаат скоро никаква нутриционистичка вредност.rn

2. Кашкавал пакуван во листови

rnАко се грижите за вашето здравје веднаш заборавете на овие нешта!rnrnЗа време на обработката на овој кашкавал се користат огромен број адитиви и нивниот вкус потсетува на гума. Полномасните кашкавали се многу подобра опција за вас бидејќи помалку се преработуваат, а вкусот им е многу поприроден. Настрана од тоа, „обичниот“ кашкавал ќе ви овозможи многу подолго чувство на ситост отколку овој.rn

3. Житарици обогатени со протеини

rnАко се грижите за вашето здравје веднаш заборавете на овие нешта!rnrnОвие видови житарици содржат високопреработена соја (изолат – протеин извлечен од сојата) која не содржи никаква хранлива вредност. Настрана од тоа, доколку за појадок јадете обични житарици со млеко или јогурт, ќе му овозможите на вашиот организам сосема доволно количество на протеини.rn

4. Крем за кафе

rnАко се грижите за вашето здравје веднаш заборавете на овие нешта!rnrnОвие производи му даваат на кафето посебен кремав вкус, но содржат голем број нездрави состојки и трансмасти. Ако не можете да го пиете вашето кафе без додатоци, одберете обезмастено млеко.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.