КАФЕ ПАУЗА

10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле

10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле

Сте се запрашале ли некогаш што точно се крие зад сцените на оваа ТВ серија? Погледнете ги наредниве 10 фасцинантни факти кои со сигурност ќе ве изненадат и ќе направат да ги засакате уште повеќе вашите омилени ликови…rn

1. Некои од нашите омилени карактери никогаш не биле дел од стриповите

rn10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле rnrnИ покрај тоа што Мерл и Дерил Диксон станаа нашите најомразени и најсакани ликови на малите екрани, тие всушност никогаш не биле дел од стриповите „The Walking Dead“. Браќата Диксон, заедно со Саша, се креирани од страна на продуцентот Френк Дарабонт кој сакал нови карактери со цел да се освежи приказната.rn

2. ТВ серијата еднаш била мета на полицијата

rnДарабонт со сигурност зажалил за одлуката да го измисли ликот Мерл во оној момент кога за време на првата сезона набљудувачи повикале полиција бидејќи мислеле дека тој е лудак кој стои на кров со снајпер. За само неколку секунди се појавиле специјалци кои брзо откриле дека станува збор за снимање.rn

3. Во план било „T-Dog“ да умре порано

rn10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле rnrnКога сме на темата за ликови кои не постоеле во стриповите, „T-Dog“, карактер чие полно име беше Теодор Даглас, требало да биде дел од само 3 епизоди во првата сезона. Но, тој станал толку популарен што продуцентите решиле да го поштедат од смртта и да го задржат до 3-тата сезона.rn

4. За време на снимањето, мртвите се тивки суштества

rnСите љубители на оваа ТВ серија многу добро знаат како звучат гладните мртви, но дали сте знаеле дека нивните звучни ефекти се додаваат во пост-продукцијата? Всушност, поголемиот дел од мртвите за време на сцените се екстремно многу тивки со цел да не се наруши атмосферата или пак, да не се одвлекува вниманието на глумците.rn

5. Мртвите никогаш не трепкаат

rn10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле rnrnЕдна од најголемите карактеристики на мртвите во оваа ТВ серија е што тие никогаш не трепкаат. Доколку некогаш се сними трепкање кај некои од нив, тоа веднаш се исфрла. Ако добро размислите, ова до некаде има смисла, бидејќи тие едноставно не поседуваат доволно основни способности за да ги движат нивните екстремитети соодветно, па трепкањето само дополнително би ги бунело.rn

6. Карл Грајмс е фан на стрипови

rnВо оваа ТВ серија често можеме да забележиме мали знаци од други ТВ серии, филмови или стрипови. За време на првите 3 сезони, Карл носи маица на која има цртеж со шепа од куче. Овој цртеж е всушност логото на „Science Dog“, карактер кој исто како оваа приказна, бил креиран од Роберт Киркман за стрипот „Invincible“.rn

7. Дублерите на Карл се всушност девојки?

rn10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле rnrnСе сеќавате на сите оние драматични сцени со многу акција? Верувале или не, позади нив стои тим од искусни дублери кој многу наликуваат на актерите кои ги заменуваат. Но, она што е навистина интересно е што сите дублери на Чендлер Ригс (Карл Грајмс) кој е 15-годишно момче, поради својата мала градба се девојки: 31-годипната Ешли во петата сезона, 29-годишната Емили Бробст во четвртата сезона и 31-годишната Савана Џејд Вихант во третата сезона.rn

8. Што всушност јадат мртвите?

rnИ покрај тоа што изгледа како мртвите навистина да јадат човечко месо и органи, реалноста не е толку одвратна. Тимот кој се грижи за специјалните ефекти е екстремно креативен, па токму затоа она што вам ви изгледа како човечко месо е всушност шунка потопена во оцет. Покрај шунката, за снимањето се користат и други видови храна како на пример, желе од грозје, од кое бил направен глушецот кој Лизи ќе го подаде на едно од овие суштества во четвртата сезона.rn

9. Луѓето и мртвите не се мешаат зад сцената

rn10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле rnrnЈадењето е многу важен дел во „The Walking Dead“, бидејќи и мртвите и луѓето постојано се во потрага по храна, но зад сцените работите се малку поинакви. Луѓето и „зомбињата“ јадат во различни простории со цел да се одржува тензијата на високо ниво кога тие повторно ќе се вратат на снимање.rn

10. Традиционалната вечера на смртта во оваа ТВ серија не е толку ужасна како што звучи

rnСте знаеле ли дека постои традиција секогаш кога ќе умре еден од главните карактери, останатите ликови да организираат „вечера на смртта“ во негова/нејзина чест? Оваа вечера им овозможува на сите да се збогуваат со својот пријател…rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.