Песјак (Dogtooth)

Песјак (Dogtooth)

Филм за изолацијата и за извртениот поглед кон светот, за тоа што се случува кога твоите родители поради сопствени психози, од тебе ќе направат лабораториско глувче, а од твојот живот експеримент кој тргнал на лошо

Песјак (Dogtooth)Режија: Јоргос Лантимос

Играат: Христос Пасалис, Агелика Папулија, Мари Цони

Времетраење: 94 минути

Јазик: грчки

Премиера: 11 ноември 2009

Жанр: драма

Награди: номиниран за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, најдобар игран филм на Сараевскиот филмски фестивал

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (12 гласа, просек: 9,25 од 10)
Loading...

————————————————————————————————————————————————–
Исликај во главата модерна морбидна приказна. Толку надвор од реалноста што ти ја смрзнува крвта во вените, но сепак толку блиска што може да се случува на некој километар од тебе. Од оние за кои читаш во црна хроника и кои ги коментираш со одвратност. Приказни со инцест, со луѓе (најчесто деца) уништени од своите родители или најблиски, од оние „а ла Јозеф Фрицл“ приказни од кои ти се повраќа. Е тоа е „Песјак“. Толку далеку од чоколадно бонбонче, засладено и нежно, а сепак нешто не те остава да не го „голтнеш“ до крај. Добро, некој можеби ќе го поврати, на некој ќе му биде сеедно, друг пак ќе го чувствува лошиот вкус уште долго време, но… секој од нас гледа со различни нерви и ниво на толеранција.
—————————————————————————————————————————————————

Приказна: Две сестри и брат се тргнати од целиот свет и затворени на имот надвор од градот под константна контрола од своите родители. Така било отсекогаш. Овие „деца“ (во реалноста се нешто постари тинејџери) се социјално ретардирани личности кои кога не можат да спијат влегуваат во креветот на мама и тато, кои послушно стојат зад ѕидините на својот двор, па не се ни обидуваат да побегнат. Зошто? Затоа што мама и тато ја кажуваат вистината и надвор е злото, а тука се сигурни. „Децата“ зборуваат на јазик прочистен од термини кои се сметаат за валкани како зомби или пак ку*ва. Дури родителите им креираат и јазик сосема надвор од реалноста, така што за нив море значи столче, а автопат е силен ветер.Песјак (Dogtooth)Целата оваа морбидна семејна идила ја нарушува Кристина, чуварка во фирмата каде што работи таткото. Тој повремено ја носи девојката во куќата со цел да има секс со синот, за да го прочисти од неговите машки нагони. Но, сето тоа се менува кога Кристина решава сексуално да си поигра со една од ќерките. Тука ланците почнуваат да се кинат. „Песјак” е снимен за да биде извртена рефлексија во огледалото на сето она што на овој свет е сметано за нормално. Она што те тера да повратиш во овој филм е направено без помпа, додека најприродната работа како водењето љубов помеѓу маж и жена, во „Песјак” е морничава.

Една од главните причини за горчливиот вкус по филмот е и феноменалното портретирање на инфантилните сестри. Агелика Папулија ја игра постарата сестра кај која веќе почнува по малку да се појавува бунт којшто е повеќе пасивен, но во таа мирна и болна атмосфера секако е забележлив. Таа повеќе се бунтува против себеси отколку кон оние вистински виновници и сé уште немо ги прифаќа шлаканиците. Но, до кога? Покрај неа е Мари Цони, помладата сестра, која пак е дете заробено во тело на возрасен човек, таа го бара тато кога и е потребен и послушно ги исполнува сите наредби. Песјак (Dogtooth)Кинематографија: Атмосферата во „Песјак” е како во психијатриска клиника – светла, бела, но се чини како секој гледач на очите да има тенка глазура предизвикана од некој силен седатив. Во голем број од сцените, трите „деца“ се во бела облека како и ментално болните пациенти. Најголем дел од филмот се одвива зад ѕидовите на нивниот двор, односно во нивното морбидно мало семејно јадро. Сепак, доминантна страна на „Песјак” воопшто не се кадрите, иако одлично се вклопени, и тоа нема да ви остави толкав впечаток откако ќе го видите она што се случува пред камерата.Песјак (Dogtooth)Кога и како да го гледате: Секако овој филм пожелно е да го гледаат лица над 18 години. Покрај сé кажано, самите проценете дали вие сте погодна публика за овој филм. Бидете подготвени дека нема секогаш да биде пријатно. Запаметете – сепак ова е извртената страна на реалноста. За останатото одлучете по слободен избор. И без тоа, не знам дали ќе ви текне да пробате од пуканките и кока-колата.Песјак (Dogtooth)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Zivko Reply

    Mi se dopaga ova stranica

  2. Теодора Трповска Reply

    Психоделија…Невидена!!!

Остави коментар