Во светот на модата месец октомври и ноември беа искористени за промоција на модните колекции за пролет/лето 2015. Македонската дизајнерка Олгица Ѓоргиева неодамна ја претстави и својата колекција за претстојната сезона, Complete Your Puzzle.rnrn
rnrnПогледнете ги модните совети од Ѓоргиева за највпечатливите трендови за сезоната пролет/лето 2015.rn
Ова лето најактуелни парчиња ќе бидат:
rn
- rn011
- Тексас, особено тексас широки панталони до глужд или до листот на ногата
- Сино-бела комбинација во бои
- Материјали – каро
- Фустани кои наликуваат на кошули
- Црно-бела комбинација – посебно се направени интересни силуети од овие две бои
- Мантил врзан високо на половината
- Голото рамо стана тренд преку ноќ, некаде претставено на блузи, некаде на фустани
- Ниски сандали
- Стил „поло маичка“
- „Фенси“ престилка
- Маслинесто-зелена боја
- Жолтата боја е особено актуелна, само треба да ја пронајдете вашата вистинска нијанса која најмногу одговара на вашиот тен.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn
Предлози
rnКако освежување за Македонките во однос на стилот, би препорачала интересни стилизирани модели од тексас, може тоа да биде фустан, бомбер јакна, здолниште или пак панталони, кои се специфични во својот израз. Би препорачала бела боја, исто би можеле тоа да бидат некои бомбер јакнички кои се направени од различни структури на материјали кои би можеле да се искомбинираат со фустанче во А линија и ниски сребрени сандали. Во својата летна, вечерна облека може да се внесе лесен, прав, долг или краток мантил во кинески стил, кој ќе биде врзан на половината. Како и да е, акцентот за претстојната сезона претежно е ставен на чистите линии кои се збогатени со принтови или структура на материјалите.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.