КАФЕ ПАУЗА

11 нешта кои постојано ги носите со вас, без да сфатите дека токму тие ве влечат надолу

Кога станува збор за емоционалното празнење, често не разбираме дека мислите и чувствата кои нѐ кочат во животот, се всушност вкоренети во нештата кои сакаме да ги имаме и луѓето кои некогаш сме сакале да бидеме. Кога ја чистите куќата, погрижете се да ги исчистите и главата и срцето.rnrn12 нешта кои претставуваат животен товарrn

1. Градот во кој сте сонувале да живеете

rnКако што старееме сфаќаме дека сонот за живот во голем град е празен сон. Освен кога станува збор за понуда на работни места, малите градови се попогодни за социјален живот и финансиска независност.rn

2. Идеалната работа која сѐ уште ја барате

rnРаботата си е работа, без разлика дали ви се допаѓа или не. Вие одлучувате која ќе биде вашата работа од соништата. Ако не ви се допаѓа тоа што го работите сега, големи се шансите истото да се случи и со идното работно место.rn

3. Нередот кој не сте го исчистиле само затоа што сте мрзливи

rnХартиите треба да се фрлат, а старата облека и нередот во плакарот мора да бидат средени. Овие нешта значат многу и имаат силно влијание врз вашиот живот. Многу повеќе отколку што мислите.rn

4. Личноста која мислите дека другите луѓе сакаат да ја видат во вас

rnНедоследноста ги прави луѓето да се чувствуваат непријатно, па затоа имаме потреба да се менуваме. Но, ризикот од откажувањето од удобната зона може да донесе награда која е поважна од сѐ останато: Да станете тоа што навистина сте.rn

5. Идејата дека животот сѐ уште ви е во пробна фаза

rnКога сме на училиште, на некој начин нè учат дека сѐ е само подготовка за иднината.rn

6. Долгот во кој влеговте за да станете нешто кое никогаш не сте биле

rnПостои разлика помеѓу мудра инвестиција, како вложување во вашето образование, и банкарски кредит кој само ќе ги задоволи вашите површни желби.rn

7. Пријателите кои ги чувате само затоа што се блиску до вас

rnПоминувањето време со луѓе кои не ви се допаѓаат може да изгледа безопасно, но оваа навика може да ве исцрпи на начин за кој воопшто не сте ни свесни дека постои.rn

8. Стравот од непријатности

rnАко го поминете животот во избегнување на непријатностите, тогаш всушност го избегнувате напредокот во животот.rn

9. Комплексот од недостаток на внимание

rnНикој не гледа на вас, како што вие се гледате самите себеси. Всушност, никој не ве доживува на ист начин. Вие не сте славна личност и држењето до оваа идеја само ви ја искривува перцепцијата за реалноста.rn

10. Љубовта која сѐ уште ја чекате

rnБез разлика дали се работи за таа која ве напуштила, љубовта која пријателите мислат дека ви треба или популарноста која сѐ уште се обидувате да ја постигнете… Љубовта што ја чекате е само проекција на онаа која ја губите чекајќи ја.rn

11. Идејата дека успехот е крајната цел

rnАко ваш приоритет е да бидете богати и славни, тогаш попатно ќе треба да жртвувате многу работи како врските и светоста на вашиот мозок.