Какви се вашите усни? Нивниот облик го открива вашиот карактер!
Устата се поврзува со комуникацијата, говорот и сензуалното уживање во храната и сексот. Таа исто така го открива нашиот однос кон другите луѓе во социјалните и љубовните врски. Прочитајте што големината и обликот на вашите усни открива за вашите квалитети.
Полни усни
Полните усни симболизираат доверба и храброст. Оние кои имаат вакви усни во најголем број случаи можат да решат сложени ситуации и зрачат со самодоверба. Тие се и духовити и знаат добро да се забавуваат.
Широки усни
Ова е оној тип усни како на Џулија Робертс и Ен Хатавеј. Тие личности се полни со живот и имаат голем круг пријатели со многу различни интереси. Како вистински перфекционисти, многу се успешни и талентирани, и настојуваат сами да си ја кројат својата судбина.
Тенки усни
Тенките усни се карактеристика на интуитивните, мирни и урамнотежените личности кои се свесни и за најмалите детали. Можат да ги набљудуваат ситуациите од далеку, но ќе го направат првиот чекор кога ќе биде потребно. Чувствителниот изглед на ваквите усни може да ве доведе во заблуда, со оглед на тоа што овие личности делуваат срамежливо и прескромно, но тоа е всушност нивното тајно оружје за победа во тешки ситуации, а обично излегуваат како победници од сите расправии и борби. Лицата со тенки усни се полни со љубов и многу се нежни само ако успеете да ги уверите во вашата верност и искреност.
Усни спуштени надолу
Овој облик на усни често создава впечаток на тажна личност. Лицата со ваков облик на уста делуваат таинствено и повлечено, што кај другите создава впечаток дека имаат премногу тајни и секогаш остануваат настрана. Заради својата досетливост, секогаш се многу привлечни, другите ги сметаат за остроумни и егзотични, но се и многу избирливи, па е тешко да ги задоволите.
Усни во облик на срце
Жените со усни во облик на срце како на Риз Витерспун и Хајден Пантери се многу заводливи. Ваков облик на усни укажува на личност која не се плаши да ужива во работите што ги прави. Делуваат гламурозно и не се плашат да го кажат своето мислење и да преземат одговорност за својата судбина. Исто така, овие личности имаат потреба од љубов и љубезност. Независноста и довербата се уште две особини кои ги имаат луѓето со срцевидни усни.
Закривени усни
Врвот на едниот крај на устата е свртен кон горе, а другиот е спуштен надолу. Ваквите усни откриваат дека личноста е зборлеста, полна со живот, но и голем мислител. Овие личности сакаат да се забавуваат и да излегуваат. Покрај тоа, посебната линија на усните укажува на многу успеси во однос на финансиите.
Што уште открива дебелината на устата?
- Кога горната усна е значително потенка од долната – неспособност за реципроцитет во односите.
- Кога долната усна е потенка од горната – личност која премногу дава.
- Кога долната и горната усна се со иста дебелина – добронамерна и комуникативна личност.
- Полна кружна усна – грижлива и чувствителна личност.
- Големи усни – Дарежлива личност со истанчен вкус која сака скапи предмети.
- Мали, стиснати усни – генерално многу себична и манипулативна личност.
- Тенки усни – самостојна личност која повеќе или помалку живее повлечено и не е во можност да ги сподели своите најдлабоки чувства со другите.