Со новата година, дојдоа и нови трендови, но и неколку нови имиња што ќе имаме можност често да ги гледаме по страниците на познатите списанија и веб-сајтови. За некои од нив сигурно веќе сте чуле, додека пак, за другите ова ќе ви биде првата информација.
Со своите единствени кариери и лукави социјални вештини, овие дами ги освојуваат социјалните мрежи како Инстаграм и Снепчет, каде што објавуваат бројни фотографии од себе, своите модни комбинации, патувања, храна, уметност и сличност… Еве за кои млади ѕвезди зборуваме.rn
Клара МекГрегор
rnНејзиниот татко, Јуан МекГрегор, сигурно ви е веќе многу познат. Но, со оглед на тоа што младата Клара само што потпиша договор со престижна агенција за модели, и нејзиното име многу брзо ќе почне да се препознава – исто како и на татко ѝ.rn
rn
rnrn
rn
Тина Кунакеј
rnСо својот интересен изглед и препознатлива коса, Тина на својот Инстаграм профил објавува различни видови фотографии. Започнувајќи од патувањата и модните ангажмани, па сè до собирите со пријателките како Бела Хадид, како и со дечко ѝ, францускиот глумец Винсент Касел (кој ја пронашол Тина по разводот со прекрасната Моника Белучи).rn
rn
rnrn
rn
Максин Ешли
Со егзотичниот изглед и бестрашната смисла за мода, Максин е пејачка што секојдневно се искачува сè повисоко на скалите кон успехот. Токму поради својата различност од останатите, што можете лесно да ја забележите на нејзиниот Инстаграм профил, ќе сфатите зошто оваа девојка ќе биде една од главните теми за разговор оваа година.
rn
rn
Карлота Кол
rnТаа истовремено е и фотограф и модел, па со помош на Инстаграм се обидува да го сподели шарениот свет на уметноста, од една поинаква страна.rn
rn
rnrn
rn
Мари-Анж Каста
Помладата сестра на прекрасната манекенка Летисија, која исто така е прекрасна, неодамна сними кампања за славниот бренд Клои. Таа истовремено е и актерка и модел, а нејзиниот стил може да ви послужи како секојдневна модна инспирација.
rn

