КАФЕ ПАУЗА

Патување низ времето со помош на Фотошоп

Written by

in

Сигурно сте се запрашале како би било да имате можност да се вратите во минатото и да ги гледате Битлси во живо или пак можеби за кратко да ѕирнете на сетот додека Мерлин Монро снима некоја легендарна сцена. Всушност, постојат толку многу неповторливи историски моменти, без разлика дали станува збор за филм, музика или што било друго што секој од нас барем еднаш си рекол „Ех, да бев таму!“rnrnИстото го мислела и фотографката Флора Борси која успеала да отиде еден чекор понатаму. Иако не можела буквално да се телепортира на друго место и во друго време, си направила вештачки „спомени“ со нејзините омилени славни личности и на многу кул начин се приближила до минатото.rnrnФлора со помош на Фотошоп вметнува своја слика во црно-бели фотографии од стариот Холивуд, па така можеме да ја пронајдеме во толпата на концерт на Елвис Присли, на сет со Вуди Ален или пак бекстејџ со Мерлин Монро. Целиот проект е наречен „Time travel project“, а ако се земе предвид дека Флора на секоја фотографија е со својот модерен, мобилен телефон навистина изгледа како патник од друго време.(1) Патување низ времето со помош на Фотошоп(2) Патување низ времето со помош на Фотошоп(3) Патување низ времето со помош на Фотошоп(4) Патување низ времето со помош на Фотошоп(5) Патување низ времето со помош на Фотошоп(6) Патување низ времето со помош на Фотошоп(7) Патување низ времето со помош на Фотошоп
rnrnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.