Претходно
Придобивките од музичкото образование и свирењето на инструмент
„Музиката не само што ја збогатува душата, туку и го изострува умот!“
Дали знаете дека свирењето на музички инструмент и музичката едукација може да ве направат подобар ученик/студент? Се смета дека луѓето кои од рани години се занимаваат со музика покажуваат подобри резултати по речиси сите предмети, а истовремено се одлични и во други активности надвор од факултетот.
Покрај тоа, има и уште многу придобивки:
- Активно ангажирање и дисциплина, кои резултираат во долготрајни придобивки за работата на мозокот.
- Зголемена навика за учење нови нешта.
- Подобрени вештини за читање и помнење на нов вокабулар.
- Полесно разбирање и изучување на странските јазици.
- Поголема концентрација и подобри моторички вештини.
- Музиката позитивно влијае и врз делот од мозокот одговорен за решавање сложени математички операции.
- Луѓето кои изучуваат музика се подобри во пишување, работа со компјутер и секакво учење воопшто.
- Повисоки академски достигнувања и повисок општ просек за време на студиите.
- Подобри лични и комуникациски вештини.
- Зголемена самодоверба и сигурен став.
- Поголема концентрација и внимание.
- Способност за уживање.
Музиката може да биде и:
- Животна страст која води кон лично збогатување и задоволство.
- Уникатна форма на лична и уникатна културна експресија.
- Свесност за богатата естетика на светот.
- Шанса за креативно мислење и изразување.
- Уникатна форма на интелигенција.
Зошто музика?
Бидејќи ги заслужувате сите неверојатни придобивки што ги носи музичкото образование!