Се чинат далечни времињата кога сликањето се вршеше стриктно со алатки како четка и платно. Во денешно време, идеите и алатките за работа на артистите ги има во неограничени количини, а се цени уникатноста на техниката, како и добиениот резултат. На уметникот Кајл Ламберт му е потребен само еден прст и Ајпед, за да ги нацрта овие автентични портрети на светските ѕвезди.rnrn
rnrnКајл е млад англиски артист кој ја усовршува техниката на цртање портрети на Ајпед, користејќи ја апликацијата „Brushes“ која чини 8 долари. Тој употребува само еден прст, кој му служи како четка, но ако судите според добиениот резултат, ќе помислите дека користи цел сет професионални алатки и бои.rnrn
rnrnЛамберт ги започнува неговите уметнички дела, скицирајќи ги основните црти на лицето, односно ги позиционира очите, носот, устата на вистинското место, осигурувајќи се лицето во основа, да личи на соодветната ѕвезда. Тој вели дека цртањето на основата е најважниот дел во правењето портрет на Ајпед, бидејќи му служи како рамка за креирањето на целокупното уметничко дело.rnrn
rnrnПогледнете како изгледа неговото портретирање на Бијонсе, а потоа и на Џад Ло.rnrn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
