Не секој располага со доволно голем станбен простор за уредување на посебна канцеларија. Но, доколку работите од дома, и тоа како ви е потребно ваше лично, работно катче, каде слободно ќе можете да ѝ се препуштите на вашата креативност и да уживате во вашето парче слобода. Доколку не знаете како би го постигнале тоа, се надеваме дека следниве совети ќе ви помогнат во реализацијата.rnrn
rn
Поделете го работниот простор од дневната соба
rnПотрудете се да го изолирате работното катче од дневната соба со одредено парче мебел. На пример, соодветно голем плакар и слично, притоа внимавајќи на естетиката. Ваквото изделување позитивно ќе влијае врз вашите професионални достигнувања.rn
Најдете соодветно биро
rnДоколку имате слободен ќош, пронајдете го соодветното биро, што би се вклопило таму. Или пак, тоа може да биде едноставно потпрено на ѕидот. Што и да правите, размислувајте на функционалноста. Не ви е потребен огромен работен простор, сѐ додека имате одлично биро.rn
Потребните работи нека ви бидат при рака
rnБез разлика дали ќе поставите и неколку полици над самото биро, внимавајте сѐ што ви е потребно за работата да ви биде при рака и лесно достапно. Секако, зборуваме за најразлични документи, папки, канцелариски прибор, лаптоп итн. Некои од работите распоредете ги на полиците, некои ставете ги на самото биро, а другите пак, наредете ги во украсни кутии, кои одговараат на боите и сензибилитетот на вашиот дом.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.