30 знаци дека вашата мајка е најважната личност во вашиот живот

30 знаци дека вашата мајка е најважната личност во вашиот живот

„Мајките и децата се посебна категорија. Во светот не постои посилна врска. Не постои љубов толку инстантна и спремна за простување.“ – Гејл Сукијама

Штом мине оној период кога тврдите дека вашата мајка не ве разбира или дека дружењето со неа не е кул, почнувате да ја цените и да сфаќате колку била во право за секој совет што ви го дала. 8-ми март не е единствениот ден кога треба да се сетиме колку ги сакаме нашите мајки. Ова се 30 знаци кои покажуваат дека вашата мајка е број 1 во вашиот живот.

30 знаци дека вашата мајка е најважната личност во вашиот живот

1. Таа е прва на вашата листа на повици кога имате добри вести.

2. Таа е прва на вашата листа на повици кога имате лоши вести.

3. Со неа може да одите на шопинг и да уживате во пазарењето.

4. Без разлика колку сте оддалечени, секогаш ќе наоѓа време да ве посети.

5. Никогаш, без разлика на вашата возраст, не ви го заборава роденденот и обично е првата што ви го честита.

6. Искрена е. Некогаш и сурово искрена, за ваше добро.

7. Ќе ви каже ако се однесувате како размазено дете.

8. Трпеливо ги слуша вашите драматични и долги приказни.

9. Не ве осудува. Може да ве посоветува или искара, но не ви суди.

10. Секогаш има добар совет. Можеби не е нешто што сакате да го чуете во моментот, но секогаш има трик во ракавот.

11. Секогаш ви го мисли најдоброто.

12. Вие сте број 1 во нејзиниот живот. Никој друг никогаш нема да го заземе вашето место. Дури и да имате браќа и сестри, секогаш се труди еднакво да ви ја дарува нејзината љубов и грижа.

13. Ви ги плаќа задоцнетите и пречекорените сметки. Иако ве предупредила дека нема да го прави тоа повеќе.

14. Знае кои се вашите омилени јадења и што не јадете.

15. Не може да ви биде лута за долго.

16. Одвреме-навреме знае да ве изненади со некаков подарок за да ве усреќи. Тоа може да биде и вистинска ситница со која покажува колку сте ѝ важни и дека порадо би потрошила на вас отколку на себе.

17. Секогаш има зборови кои ви влеваат самодоверба.

30 знаци дека вашата мајка е најважната личност во вашиот живот

18. Ќе гледа филмови со вас дури и ако е преморена и ја преспива втората половина од филмот.

19. Таа е единствената или една од ретките личности за која знаете дека со сигурност ќе ве побара или ќе ви пише порака во текот на денот.

20. Вашата мајка е личноста која секогаш ве пречекува дома. Уште од детството ве пречекувала од училиште со загрижен израз на лицето, а во тинејџерските години останувала будна додека не се вратите дома од журка. Кога и да заѕвоните на вратата, бидете сигурни дека таа ќе ви отвори.

21. Пред неа може и да се фалите за успесите и да плачете за падовите.

22. Ќе ги тргне настрана своите обврски и ќе биде покрај вас кога сте болни.

23. Ве поддржува и ве охрабрува да не ги заборавате вашите пасии и желби.

24. Таа е единствената која знае дека нешто не е во ред, дури и кога вие упорно тврдите дека сè е во ред.

25. Ги знае сите ваши фрустрирачки навики, но ве сака поради истите.

26. Никогаш не пропушта ни ден да ви каже со зборови или постапки дека ве сака.

27. Отсекогаш ги имала најдобрите зборови после секоја ваша пропадната врска. Секогаш знаела што да ви каже кога вашето срце било скршено.

28. Секогаш кога ќе забележите дека е останато едно колаче во чинијата таа вели дека е сита и не сака да го изеде.

29. Ќе мине низ сито и решето само да се погрижи за вашата среќа и благосостојба.

30. Таа е единствената која стои покрај вас кога сите ќе ве напуштат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар