Автор: Сања ПетровскаrnrnГлавниот град на Ирска дефинитивно припаѓа во едни од најубавите градови во светот. Англиското име на градот е изведено од ирскиот израз Dubh Linn или црна бара/црно езеро, додека ирското име кое потекнува од времето на келтските племиња е Baile Atha Cliath, што во буквален превод означува Град на препречена газа.rnrn
rnrnДаблин се наоѓа на источниот брег на Ирска. На почетокот бил основан како престолнина на Викинзите, а денес е еден од градовите познати по доброто пиво, многубројните пабови и згодните момци со неверојатно шармантен акцент.rnrnФасцинантноста на Даблин не е ништо помала во областа на многубројните знаменитости и туристички атракции зачинети со неверојатно забавниот ноќен живот. Зад сето ова стои исполнета историја која не е ни најмалку за потценување, а открива интересни и зачудувачки факти, како за градот така и за луѓето кои живеат во него.rnrnИзразот по кој градот го има добиено своето име – Dubh Linn, е всушност име на езеро кое го користеле Викинзите за трговија со роба по воден пат.rnrnМостот О’ Конел над реката Лифи е единствениот мост во Европа кој има иста должина и ширина, а е изграден над постоечки мост во 1801 година кој пред тоа претставувал структура од јажиња која можела да издржи носивост од само еден човек и едно магаре истовремено.rnrn
rnrnЛуѓето кои живеат во Даблин, а се познати како Даблинци, зборуваат даблински, кој е микс на даблински сленг и пцовки во стилот на: I am on the lash – Јас сум на камшик, со кој кажуваат дека имаат намера да се опијанат.rnrnДаблин е во градско партнерство со градовите Барселона, Ливерпул и Сан Хозе.rnrnПознати личности, како што се Џорџ Бернард Шо, драматург и добитник на Нобелова награда, и Џејмс Џојс, писател и поет, доаѓаат од Даблин. Исто така, од Даблин се и Морин О’Хара, Брендан Глисон, Колин Фарел, како и доста музички групи меѓу кои најпознати се U2 .rnrnНа познатиот Тринити колеџ дипломирале доста познати личности, меѓу кои Оскар Вајлд, Џонатан Свифт и Брем Стокер, кој ја напишал приказната за Дракула.rnrn
rnrnДодека сме кај познатите, статуетката која се доделува на Оскарите е дизајнирана од Даблинецот Седрик Гибонс.rnrnДодека бил престолнина на Викинзите, Даблин претставувал Нордиско царство.rnrnВо поглед на големината на самиот град, Даблин зафаќа 44,4 милји квадратни или 115 километри квадратни, што се смета за малку во споредба со останатите главни градови низ Европа.rnrnДаблин е познат и по тоа што околу 50 проценти од населението има помалку од 25 години, со што се наоѓа на првото место на градови населени со најмлада популација во споредба со вкупниот број на жители.rnrn
rnrnВо Даблин има вкупно 666 лиценцирани пабови, но зачудувачки е дека во споредба со други градови тоа е малку кога се смета по глава на жител.rnrnНајпознат паб во Даблин е „Brazen Head“, најстариот паб во цела Ирска кој е отворен во 1198 година, а кој претходно бил доградба на друг објект.rnrnНационално богатство на Ирска е Книгата на Келтите, свет ракопис кој го сочинуваат Четирите Евангелија од Новиот Завет, напишан од келтските монаси околу 800 година. Оваа преубава златна книга денес се чува во библиотеката на колеџот Тринити.rnrnУште еден неверојатен факт е дека дневно во Даблин се продаваат 10 милиони пива Guinness, неговото најпознато пиење.rnrn
rnrnЕдна од најпознатите даблински фрази е chancing your arm која Даблинците ја користат кога сакаат да кажат некому да ја искористи шансата која му се пружа.rnrnПаркот Феникс е најголемиот парк во Европа, а во светот единствен поголем парк од него е Централ Парк во Њујорк.rnrnВо Даблин нема змии. Се верува дека Свети Патрик, ирски мисионер во 5-ти век, ги прогонил од Ирска.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
