КАФЕ ПАУЗА

4 негативни последици од непроспиените ноќи

4 негативни последици од непроспиените ноќи

Освен уморот и чувството на раздразливост, на ноќните птици им се закануваат уште многу опасности кои влијаат негативно врз организмот, а се и научно докажани.rnrn4 негативни последици од непроспиените ноќи rn

1. Подепресивни сме

rnИстражување од 2008 година открило дека оние кои спијат помалку од 6 часа, наредениот ден се чувствуваат подепресивни, а кај нив е забележано и повисоко ниво на стрес.rn

2. Јадеме повеќе и понездрава храна

rnКако реагираме кога наместо осум часа, спиеме само половина од тоа? Наредниот ден консумираме 560 калории повеќе од вообичаено и тоа најчесто одбираме масна и нездрава храна. Тоа значи дека ако честопати спиете малку, повеќе јадете и поголеми се шансите да ви се зголеми тежината.rn

3. Изгледаме лошо и тажно

rnВо две одделни истражувања направени во Универзитетот во Стокхолм, се споредувани фотографии од испитаници кои биле будни нешто повеќе од 30 часа, со други фотографии од луѓе кои минатата вечер спиеле 8 часа. Испитувачите притоа сосема се сложиле дека луѓето кои немале спиено изгледале помалку атрактивни, а во другиот експеримент биле опишани како тажни луѓе, кои очигледно ги мачат некакви проблеми.rn

4. Не сме расположени за друштво

rnНедостатокот од сон прави да се чувствуваме како да не сме им пожелно друштво на другите луѓе, поради што се чувствуваме вознемирено. Интересен е податокот дека мажите кои не спијат доволно, честопати помислуваат дека други жени сакаат да спијат со нив.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.