Кога и како да заштедите при купување козметички производи?

Кога и како да заштедите при купување козметички производи?

Скапата козметика е често поквалитетна од евтината, но не секогаш е така. Она што треба да го имаме на ум е дека често повеќе плаќаме за името на козметиката отколку за нејзиниот квалитет. Може да бидете убави и негувани без да потрошите многу на козметички производи. За одредени производи ќе мора да потрошите повеќе, но за други навистина нема потреба да фрлате многу пари. Еве како паметно да купувате козметика.

Кога и како да заштедите во купување на козметички производи?

Лакови за нокти vs. серум за лице

Слободно заштедете купувајќи лакови за нокти бидејќи секако не останувате долго со една нијанса. Плус, доколку имате навика често да правите домашен маникир со разни форми и бои, одбирањето евтини лакови е паметна опција.

Од друга страна, задолжително потрошете повеќе на серум за лице кој продира длабоко во кожата и клучно е да биде направен од квалитетни состојки погодни за вашиот тип на кожа. Доколку имате проблеми со кожата или осетлива кожа, задолжително консултирајте се со дерматолог пред да купите серум за лице. Серумот, пак, може да го комбинирате со поевтин крем за лице и пак да имате прекрасни резултати и убава кожа.

Заштитен спреј за сончање vs. парфем

Секако дека многу е важен спрејот за сончање но многу лесно ќе најдете квалитетни креми и спрејови за сончање по пониски цени кои ќе ве заштитат исто колку скапите увезени производи со звучно име. Така што, заштедете на заштитата од сонце, но од друга страна потрошете на парфем. Евтините парфеми брзо испаруваат и воопшто не мирисаат ни приближно добро колку поскапите. Секако, тоа не значи дека мора да дадете над 5.000 денари за парфем, но потрошете малку повеќе купувајќи квалитетен парфем кој трае подолго и има фини и препознатливи ноти.

Гел за миење лице vs. крем за околу очи

Гелот за миење лице се задржува најкратко на кожата и лесно се наоѓаат квалитетни производи по пристапни цени. Но, затоа потрошете повеќе на крем за околу очи бидејќи кожата на тоа место е најтенка и најосетлива, а благодарноста за грижата ќе ја добиете подоцна во животот со помалку брчки околу очите.

Кога и како да заштедите во купување на козметички производи?

Гел за туширање vs. виткач за трепки

Нема некоја голема разлика меѓу евтините и скапите гелови за туширање па заштедете на овој производ. Потрошете на виткач за трепки бидејќи доколку одберете евтин виткач со лош квалитет може да имате последици како кубење на трепките и лоши резултати по неговата употреба. Добриот виткач за трепки, од друга страна, ќе направи чуда од вашите трепки, така што слободно може да користите поевтина маскара.

Маскара vs. пудра за лице

Заштедете на маскара. Многу е поважна четкичката на маскарата отколку нејзината цена. Скапите маскари ви ветуваат чуда, но не мора да значи дека ќе добиете фантастични резултати. Во комбинација со добар виткач за трепки, како што кажавме погоре, и поевтина маскара ќе ви заврши работа.

Кога и како да заштедите во купување на козметички производи?

Секако, нема сомнеж дека треба да потрошите повеќе на пудрата за лице која веројатно ја употребувате доста често и се задржува речиси цел ден на вашето лице. Резултатите од користење евтина пудра за лице ќе ги добиете малку подоцна, но времето не се враќа назад. Одберете минерална пудра која носи многу благодети за вашата кожа и консултирајте се со дерматолог доколку имате проблематична кожа. Вашиот дерматолог може да ви препорача добра пудра која ќе му годи на вашето лице.

Крем за лице vs. сенка за очи

Како што е спомнато погоре, во комбинација со поскап серум за лице, кремот за лице не е пресудно да биде скап. Така што, слободно заштедете на крем за лице бидејќи звучните имиња можеби промовираат зачудувачки ефекти, но не е така. При одбирањето на крем за лице, особено кога сте помлади, клучно е да го одберете соодветно со типот на вашата кожа, другото навистина не е важно. Од друга страна може да потрошите малку повеќе на сенки за очи. Квалитетните сенки за очи имаат поинтензивна боја, полесно се нанесуваат и подолготрајни се, со што ќе одбегнете размачкување на боите и лош изглед.

Пилинг vs. заштитна крема за лице

Има многу добри евтини пилинзи и многу начини да ги направите и со домашни состојки. Затоа заштедете на пилинг, кој секако се користи ретко, и задолжително потрошете на квалитетна крема со заштитен фактор за вашето лице. Лицето е осетливо при изложување на сонце, а сонцето ја старее кожата. Изборете се со предвремената појава на брчки со користење на квалитетен крем со заштита од штетните УВ зраци.

Лосион за тело vs. четка за нанесување шминка

И за двете работи не мора да потрошите цело богатство, но девојките неретко се одлучуваат за поевтин лосион за тело бидејќи и оние со пониски цени може да имаат фантастични резултати. Од друга страна, со меките и квалитетни четки за нанесување шминка, не само што полесно и подобро ќе ја нанесете шминката која и подолго ќе трае, туку ќе одбегнете и алергиски реакции и иритации, особено кога станува збор за големата четка за нанесување руменило.

Балсам за усни vs. четка за коса

Сигурно макар еднаш во животот ви се случило да дадете повеќе пари на балсам за усни а да не добиете подобри ефекти. Поевтините балсами, парадоксално, може да ви ги заштитат усните подобро од поскапите балсами со познати имиња и мириси на разни овошја, што впрочем се единствените предности. Но, кога станува збор за четка за коса одберете ја внимателно и не ја потценувајте нејзината важност. Добрата четка за коса ќе го намали електрицитетот на косата како и губењето влакна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар