Водолија и лав – љубовна комбинација

Водолија и лав – љубовна комбинација

Кога овие два знака се во љубовна врска, спојот од способноста на водолијата за предвидување на идните ситуации и креативноста на лавот, предизвикува тие да бидат забележани од надворешниот свет. Ова љубовно партнерство е енергично и незапирливо, а понекогаш помеѓу двата знака може да се јави натпреварувачки дух, што за нив претставува уште еден начин на забава.Водолија и лав - љубовна комбинацијаОвие два знака имаат тенденција да размислуваат премногу идеалистички и за секоја работа им е неопходна мотивација за да можат со задоволство и успех да ја завршат. Водолијата и лавот сакаат необични, несекојдневни работи и возбудливи, авантуристички ситуации, па одвреме–навреме многу е возможно да го претвораат нивниот живот во една бескрајна партија „Вистина или предизвик?“.

Повеќето љубовни врски составени од партнери со хороскопски знаци лав и водолија се успешни, благодарение на нивната меѓусебната почит, која никогаш не згаснува. Лавот се восхитува на индивидуалноста, визијата и креативноста која ја поседува водолијата. Водолијата пак, се воодушевува на ентузијазмот, шармот и гордоста, кои се својствени за лавот. Водолијата секогаш има некоја нова идеја на ум, но честопати не е доволно поттикната да ја претвори во реалност, како што тоа го може лавот.

Двата знака се гордеат со нивната независност во врската, но проблеми можат да настанат ако лавот почне премногу да бара и очекува од својот партнер или доколку водолијата стане премногу резервирана и повлечена. Лавот може да биде премногу драматичен според „вкусот“ на водолијата, но од друга страна водолијата може да биде премногу нестабилна и несигурна според лавот.

Овие партнери треба да ги почитуваат нивните различни перспективи. Ако тие ја вреднуваат нивната врска и умеат добро да комуницираат во насока на нивна обострана среќа, сè ќе биде во ред.

Лавот е управуван од Сонцето, а водолијата од Сатурн и Уран. Уран во водолијата внесува креативност, добра визија и способност за смислување нови идеи. Лавот со влијанието од Сонцето внесува енергија во нивните планови, со која тој ги реализира нивните заеднички идеи. Влијанието на Сатурн пак, овозможува целиот тој процес да се реализира до крај, кога инспирацијата на Уран ќе згасне и енергијата на Сонцето ќе се пренасочи кон нешто ново. Водолијата не само што може да „држи чекор“ со енергичниот лав, туку може и да додаде посебна креативна нота во нивната врска. Заедно, овие два знака можат да достигнат „големи височини“.

Интелектот кој го има водолијата, ја поттикнува амбициозноста на лавот и неговата подготвеност да ги спроведе нејзините идеи во акција. Водолијата делува многу стимулирачки за лавот.

Двата знака имаат интереси од многу различни области. Поради желбата на лавот да биде оригинален, тој со задоволство ужива во процесот на претворање на уникатните идеи кои ги смислува повлечената водолија.

Лавот и дава на водолијата храброст да презема иницијатива за она што сака да го постигне, наместо само да седи на своето работно место и да смислува некоја нова идеја. Оригиналноста и уникатната визија со која располага водолијата, може навистина да го импресионира лавот.

Партнерите во оваа љубовна врска се многу лојални и посветени еден на друг. Кога тие ќе сфатат дека не мора постојано да чувствуваат одговорност за завршување на некои обврски, ќе успеат да остварат сè што ќе замислат, комбинирајќи ги нивните заеднички сили.

Најдобриот аспект од љубовното гнездо водолија-лав  е способноста на партнерите да создадат „магија“ во нивната врска. Тие знаат како да смислат идеја, да направат план како да ја спроведат во акција и да го започнат процесот на реализација кој води до успех. Нивниот „рецепт за успех“, го прави овој пар визионерски, практичен и уникатен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    Imate Li nesto za lav i devica ljubovna kombinacja? Blagodaram odnapred :)))

  2. Milka Reply

    Kombinacija lav i bliznaci! Blagodaram odnapred!

  3. Neo Reply

    I kaj oven staiv komentar, ke moze za lav i oven :)))) blagodaram

  4. ane Reply

    lav i devica…pls kako si odgovaret lubovno??pozzz

  5. banance Reply

    rak i bik … kako odgovaraat na ljuboven plan? pozz

  6. arici Reply

    bik i lav nema li:D:D:D

  7. andrej Reply

    Kombinacija lav i bliznaci!

  8. SANJA Reply

    LAV I DEVICA …DALI SI ODGOVARAAT:)) BLAGODARAM

  9. setfani Reply

    dali lavot i vodolijata si odgovaraat edni so drugi?dali bi bile slozni ako se zaedno? blagodaram odnapred <3

  10. setfani Reply

    mislam deka lavot i vodolijata dobro si odgovaraat spored ona sto jas go procitav i nauciv za niv blagodaram 😀

  11. stefani Reply

    koja kombinacija vas najmnogu vi se dopaga?lav i bik lav i vodolija lav i riba ili lav i devica?blagodaram mnogu <3 <3 🙂

  12. miki Reply

    Jas sakam da zvam dali lav i devica si odgovaraat blagodaram

Остави коментар