Две момчиња ја добија највисоката пофалба од Сајмон на шоуто „Britain’s Got Talent“
15-годишниот Чарли и 13-годишниот Леондри се музичко дуо попознати под името „Bars & Melody“. Тие во шоуто „Британија има талент“ настапуваа со песна која Леондри сам ја напишал, песна која во себе носи моќна порака за насилството во училиштата.
„Почнав да рапувам затоа што имав проблеми во основно училиште. Многу често бев малтретиран“, вели Леондри. „Кога бев нерасположен јас ги запишував моите мисли во форма на рап. На некој начин се изразував со тоа што го пишував.“
Чарли вели дека музиката му помогнала на Леондри да се чувствува посилно и дека да не била таа, тој немало да има самодоверба. Нивниот талент е исто толку импресивен како и зборовите во песната, а нивниот неверојатен настап ја натера публиката да стане на нозе. Но, она што е уште поинтересно е дека тие успеаја да го натераат Сајмон да го притисне златното копче кое ги испраќа директно во шоуто. Искрено се надеваме дека овие две момчиња ќе успеат заедно да стигнат многу далеку. Погледнете го нивниот настап и слушајте ги внимателно сите зборови кои тие ги пеат…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.