КАФЕ ПАУЗА

Исечоци од хартија кои изложени на светлина оживуваат во волшебни бајки

Депти Наир и Харикришна Паникер се двајца артисти кои се познати под заедничкото име Хари и Депти. Тие создаваат прекрасни диорами полни со детали кои изгледаат како сцени од некои стари бајки.rnrn1-isechoci-od-hartija-koi-izlozheni-na-svetlina-ozhivuvaat-vo-volshebni-bajki-kafepauza.mkrnrnМетодот кој го користат Хари и Депти е многу едноставен – тоа е нивната огромна вештина за изработка благодарение на која диорамите се толку убави. Тие започнуваат сечејќи слоеви од крута хартија, ги поставуваат од напред кон назад, осигурувајќи се дека сите елементи ќе бидат видливи и секој слој ќе се надградува на претходниот. Потоа диорамата ја поставуваат во кутија и одзади ја осветлуваат со мали флексибилни ЛЕД ленти, кои им даваат изглед на бајка и детално ја прикажуваат макотрпната работа на двајцата талентирани артисти.rnrn2-isechoci-od-hartija-koi-izlozheni-na-svetlina-ozhivuvaat-vo-volshebni-bajki-kafepauza.mk 3-isechoci-od-hartija-koi-izlozheni-na-svetlina-ozhivuvaat-vo-volshebni-bajki-kafepauza.mkrnrnАртистите кои сега живеат и работат во Колорадо, по потекло се од Индија, а за својата работа биле инспирирани од Балиските кукли во сенка. Но, од почетокот на својата работа до денес, тие имаат многу напреднато и развиле сопствен специфичен стил.rn
rn

„Хартијата е брутална во својата едноставност како медиум. Она што нѐ воодушевува во осветлените кутии со исечоци од хартија е двојноста на секое дело, како изгледа во неосветлена и во осветлена состојба. Контрастот е толку голем што создава некој мистичен ефект врз гледачите.“

rnКако дел од нивната работа, тие имаат изработено прекрасна креација за во излог за артистичкиот настан за собирање средства за Bordo Bello Skateboard во Њујорк. Погледнете го видеото за да видите како точно изгледа процесот на нивната работа и како сѐ се склопува во една целина.rnrn


rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.